Реклама
Македонија

Милошоски: СДСM шират манипулации – во иднина македонскиот пратеник ќе мора да има само македонско државјанство

„И во 2021 година и денес, СДСM не престана со злоупотреба на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„И во 2021 година и денес, СДСM не престана со злоупотреба на шпекулации, во прашална форма, никогаш како конкретно тврдење, кој има, кој нема, ваков или таков пасош, во недостаток на други идеи, проекти или можеби внатрепартиски слабости. И во 2021 година преку нивниот тогашен сојузник, Каракачанов и сега преку нивната веб страна, злоупотребуваат, клеветат и шират манипулации по однос на двојно државјанство на одредени колеги пратеници. Сметавме дека ова е еден начин како да го повториме нашиот став што го имавме од 2021 година, дека не се сменило ништо, и дека доколку некој смета дека единственото државјанство е концепт којшто е поцврст за македонското Собрание, ние стоиме зад тој предлог, како тогаш, така и денес, затоа и го предложивме“, истакна Антонијо Милошоски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисија на Алфа телевизија.

Пратеникот Милошоски се осврна на предлог-законот за измена на Законот за пратеници по однос на македонското државјанство и нагласи дека токму од страна на опозициската СДСM биле неосновани обвинувањата дека одреден дел од пратениците се со двојно државјанство, а потписници на оваа измена, како што кажа, се токму актуелни пратеници од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ за кои СДСM наведува дека се со бугарско државјанство.

„Второ, сметаме дека кога сте одбрале да бидете пратеник, има логика, ако сте пратеник во Собранието на Македонија да бидете и според државјанство лојален само на таа држава каде што одлучиле, или ви дале доверба да бидете пратеник. Бидејќи кога има двојно државјанство, иако македонскиот Устав не го забранува, сепак има една етичка и политичка дилема на која држава сте повеќе лојален, особено ако во Собранието одлучувате за теми коишто не ја засегаат само Македонија, туку можеби засегаат и други држави, каде што може некој од колегите пратеници да има двојно државјанство“, дециден е пратеникот Милошоски.