Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Милановиќ пред Радев: Да се каже дека Украина е поблиску до членство во ЕУ отколку Црна Гора или Македонија е дрска навреда

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ во заедничката изјава со својот бугарски колега Румен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ во заедничката изјава со својот бугарски колега Румен Радев во понеделникот изјави дека е дрска навреда кон земји како Црна Гора и Македонија да се каже дека Украина е најблиску до членство во ЕУ и рече дека спорот меѓу Софија и Македонија е нивно внатрешно прашање.

„Ми се чини сè поверојатно дека овој цинизам и дрскост на одредени европски структури е незапирлив. Овие луѓе се чини дека се опседнати со Украина и како тоа да е нивниот начин да останат на власт. Украина е земја во војна без јасно дефинирана територија, која не е во можност да се финансира сама. Да се каже дека Украина е поблиску до членство во ЕУ отколку Црна Гора или Македонија е дрска навреда кон овие земји. Тоа е неправедно и нехумано, ние ја уништуваме таа земја“, рече Милановиќ.

Радев смета дека „не би бил добар сигнал за земјите од Западен Балкан ако на Украина ѝ се даде приоритет поради геополитички околности, без да се исполнат критериумите и реформите потребни за членство“.

Реклама

Тој го мисли истото и за  Македонија и негира дека Софија го блокира влезот на Скопје во блокот, иако, истото се гледа од Марс.