Реклама

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Економија

Мицкоски: Владата нема да се меша во преговорите на синдикатот и работодавачите за минималецот

Владата не сака да се меша во преговорите на синдикатите и приватниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата не сака да се меша во преговорите на синдикатите и приватниот сектор за утврдување на платите. Премиерот Христијан Мицкоски по којзнае кој пат го повтори ставот, дека Владата ќе поддржи се што ќе падне како договор помнеѓу социјалните партнери. Ден по протестот на ССМ, од собраниска говорница премиерот уште еднаш нагласи дека решението за повисокиот минималец треба да се бара на маса низ дијалог со работодавачите

Владата е таа која штоп посредува во оној бипартитен дијалог помеѓу работодавачите и работниците. И тоа е принципиелно однсеување, тоа е зрело однесување и така треба да се однесува секоја Влада. Оваа Влада така се однесува, рече Премиоерот Мицкоски во одговор на пратеничко прашања.  

Мицкоски нагласува дека Владата како најголем работодавач ја завршила домашната задача со потпишување на колективните договори со гранковите синдикати кои веќе донеле повисоки плати во МВР, здравството, образованието. Тој предупреди дека Владата попвеќепати побарала од Синдикатот да го репреговаат општиот колективен договор за сите дејности но ССМ тоа го одбиле.. 

Реклама

Бараме да го унифицираме тоа, да биде стандардо. Доволен период има три години. Имаме важечки, ќе го потпишеме индивидуален. Доволен период имаме три години да испреговараме  и после 2028 година, од 2029 да си биде сè тоа веќе унифицирано. Од ССМ го одбија. Ќе кажам зошто. Затоа што тие се потписници во тој униполарен свет, кога имаа монопол во репрезентативноста на синдикатите, со поранешната Влада. И ни велеа, како сега ние сме го потпишале, како сега ние ќе се бришеме. Ова е вистината, рече Мицкоски.

Сојзуот на синдикати на Македонија инсистира на минималец од 600 евра и зголемување од 100 евра за сите плати, за што вчера одржа и протестен марш. Работодавачите не се против зголемување на платите, но инсистираат за тоа да се исполнат и одредени предуслови, како на пример продуктивноста, која е најниска во регионот. Тие укажуваат дека вештачкото линеарно зголемување на платите само ќе предизвика дополнителни проеблеми за многу бизниси кои тешко дека ќе можат да го издржат ударот. Минималната плата во Македонија е законски утврдена и таа се зголемува еднаш годишно според формулата 50% трошоци на живот и 50% раст на просечна плата. Согласно колективниот договор кај нас, таа не смее да биде пониска од 57%.