Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Економија

Мицкоски: Поради неодговорноста на минатата власт, изгубен грант од ИПА за канализацијата Зајас – Другово, ќе се реализира со буџетски пари

Канализацијата Зајас – Другово ќе биде завршена со буџетски пари затоа што,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Канализацијата Зајас – Другово ќе биде завршена со буџетски пари затоа што, поради неодговорноста на минатата власт, изгубен е грантот за оваа намена – вели премиерот Христијан Мицкоски. Додава дека со посветена работа на оваа власт проектот ќе биде реализиран, но оти ќе се бара одговорност од оние што го довеле во ваква состојба.

– Тоа беше исклучително криминален проект, со сета одговорност тоа можам да го кажам. Фирма што во меѓувреме банкротира, со непознати извори на банкарска гаранција итн. Проектот беше потпишан од претходната влада како впрочем и повеќето проекти за кои имавме големи критики од страна на Европската комисија бидејќи е дел од ИПА-програмата – рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање при посетата на Кичево.

Сега, додаде, веќе не е така, го избришаа поради тоа што било направено од претходната влада.

Реклама

-Но, ние како Влада го одглавивме целиот процес и продолжуваме со реализација на овој проект и тој ќе биде реализиран. За да ви кажам кога, ќе мора најпрвин да имаме некоја точка нула, па потоа можам да ви кажам точно кога. Но она што можам да го кажам е дека сигурно ќе има одговорност од оние што го довеле во оваа состојба тој проект. Го изгубивме грантот и сега треба пари од буџетот, наместо да финансираме други проекти, ќе мора за она што веќе имало грант. Ете така работат овие што денеска критикуваат. Замислете, Зајас има улично осветление, нема канализација. Затоа што ја украле – потенцира премиерот Мицкоски.

Заменик-министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска рече дека во овој случај се соочиле со исклучително тежок проблем со овој проект, но оти веќе е надминат.

– Документацијата, која можам да кажам беше веќе некорисна, ја преработуваме и очекувам до крајот на наредната недела да биде комплетно завршена по што целосно ќе биде завршена проектната документација и може да распишеме тендер. Она што можам да ја информирам целата јавност е дека благодарение на премиерот и на пратеникот од Кичево, а потоа благодарение на колегите во Министерството за животна средина, кои буквално шест месеци работеа на преработка на оваа тендерска документација, овој проект ќе се реализира целосно со средства од буџетот на Владата преку МЖСПП – рече Лашкоска.

Градоначалникот на Кичево, Александар Јовановски, рече дека реализацијата на проектот за канализација бил негово предизборно ветување и оти тоа ќе се оставри.

– Моето предизборно ветување беше дека, дефинитивно, ќе ја завршиме канализацијата Зајас – Другово, која не е само за Зајас и Другово, туку е комплетен колекторски систем за целата кичевска котлина, кој ќе завршува во пречистителната станица. Меѓутоа, за жал, наместо да ги имаме тие средства обезбедени, поради несериозноста на претходната власт, ги изгубивме и сега, како што рече премиерот, ќе мора да ги финансираме од средства на Владата – рече Јовановски додавајќи дека може ќе треба да се скрати на други работи, но оти овој проект ќе се реализира за доброто на  жителите.