Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Македонија

Мицкоски: Никој нема против албанскиот јазик, но треба да се знае дека официјалниот јазик во оваа држава е македонскиот

– Официјален јазик на целата држава е македонскиот и неговото кирилско писмо…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Официјален јазик на целата држава е македонскиот и неговото кирилско писмо – изјави премиерот Христијан Мицкоски од собраниската говорница одговарајќи на пратеничко прашање од Скендер Реџепи од Европскиот фронт за употребата на јазиците и правичната застапеност.

На денешната седница посветена на пратенички прашања Реџепи побара од премиерот да објасни, како што рече, „зошто Владата во време на економска и политичка криза секојдневно отвора етнички теми“. Тој воедно побара појаснување дали владините министри имаат потреба од преведувачи имајќи предвид дека, според него, „пратениците немаат обврска да го знаат македонскиот јазик доколку го знаат албанскиот“.

Премиерот Мицкоски во одговорот истакна дека Законот за правичната застапеност ќе се најде пред пратениците набргу, откако, како што рече, ги поминал сите институционални процедури и мислењето на Венециската комисија.

Реклама

– Законот е уставен, а не неуставен, како што вашата коалиција 20 години ги лажеше Македонците – порача Мицкоски.

Во врска со прашањето за познавање на македонскиот јазик, премиерот повтори дека Уставот го дефинира македонскиот јазик како официјален на целата територија, а албанскиот и другите јазици се користат во согласност со одредбите за локална самоуправа.

– Мене не ми пречи албанскиот, ниту турскиот, српскиот, англискиот, ниеден јазик на светот не ми пречи и нема да ми пречи. Но, ако го читате Уставот, според него, официјален јазик е македонскиот и неговото кирилско писмо. Имаме дополнување во делот за единиците на локална самоуправа – рече премиерот.

Тој се осврна и на последниот јавен случај со новинарско прашање упатено на министерката Весна Јаневска оценувајќи го настапот на новинарот како непристоен.

– Никој нема против да го користите албанскиот јазик, можете да зборувате на кој сакате јазик, но треба да се знае дека официјалниот јазик во оваа држава е македонскиот и неговото кирилско писмо, како и за меѓународна употреба – нагласи тој