Реклама

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Македонија

Божиновска од Белград: Се гради посигурен и поврзан енергетски регион

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска присуствува на Вториот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска присуствува на Вториот министерски самит на Република Србија, Македонија, Република Грција и Република Бугарија, кој се одржува во Белград, во организација на Република Србија.

Во фокусот на самитот се сигурноста на снабдувањето, развојот на Вертикалниот гасен коридор, пристапот до LNG капацитетите преку Александруполи, диверзификацијата на изворите и правците на снабдување, како и унапредувањето на регионалната соработка во електроенергетиката.

Самитот следува по првата министерска средба во Атина во мај и го продолжува дијалогот за заеднички регионален пристап кон енергетската сигурност и отпорноста на системите.

Реклама

Во македонската делегација се и заменик-генералниот директор на МЕПСО, Александар Пауноски, како и претставници на НОМАГАС.

Во рамки на посетата, министерката Божиновска ќе оствари и билатерална средба со бугарскиот министер за енергетика, со фокус на понатамошното унапредување и проширување на веќе воспоставената соработка..