Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

„Приказните на Велес низ детските очи“, учениците се запознаваат со богатото културно и духовно наследство на градот

Во рамките на одбележувањето на големиот јубилеј – 80 години музејска дејност…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во рамките на одбележувањето на големиот јубилеј – 80 години музејска дејност на Народниот музеј Велес, денеска и утре се реализира проектот „Приказните на Велес низ детските очи“, наменет за учениците од основните училишта во градот.

На првиот ден од проектот, учениците посетија неколку значајни сакрални објекти во Велес и неговата околина – соборниот храм на Епархијата Повардарска „Свети Пантелејмон“ од 1840 година, ремек-дело на Андреја Дамјанов, црквата „Св. Јован Крстител“ – Маркова Меана од XIII–XIV век, црквата „Св. Димитрија“ од XIV и XIX век, како и црквата „Св. Недела“.

Како што информира Александра Гиовска  кустос по историја на уметноста, проектот има за цел да ги доближи најмладите до богатото културно, историско и духовно наследство на градот Велес, поттикнувајќи го нивниот интерес, љубопитност и креативност преку непосредно запознавање со музејските содржини и културното наследство на Велес.

Реклама

-Посебната вредност на проектот се согледува во тоа што  Велес е  претставен низ детските очи – преку нивните размислувања, доживувања, лични приказни и креативни изрази. На тој начин, најмладите не беа  само посетители и слушатели, туку и активни учесници во создавањето на приказната за својот град. Секоја посета денеска беше  проследена со интересна приказна и толкување на архитектонските, уметничките и духовните вредности што ги носат овие споменици на културата, појасни Гиовска.

Главната цел на оваа активност, како што посочи, е да се разбудат љубопитноста и интересот кај најмладите за сакралните споменици како еден од значајните сегменти на нашето духовно и културно наследство.

-Преку непосредниот контакт со храмовите, нивната архитектонска убавина и богатата симболика што ја носат, децата денеска  имаа можност да ја препознаат поврзаноста меѓу уметноста, верата и историјата. На тој начин, покрај стекнувањето нови знаења, кај нив ќе се развиваат и чувството на почит, љубов и одговорност кон зачувувањето на културното наследство, појасни Гиовска.

ториот ден од проектот ќе се одржи утре со почеток во 12 часот, кога во Спомен-куќата на Васил Главинов во Велес ќе биде реализирана едукативно-креативна работилница.