Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Бизнис

Мицкоски: Нафта ќе има, граѓаните да бидат спокојни

Владата ќе ги заштити граѓаните од ценовен шок на горивата. Премиерот Мицкоски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата ќе ги заштити граѓаните од ценовен шок на горивата. Премиерот Мицкоски вели дека се чека одлуката за новите цени во понеделник на Регулаторната комисија за енергетика, за да се реагира. Планот е веќе следниот ден, во вторник, на владина седница да се донесат неопходните одлуки. Опциите вклучуваат намалување на ДДВ и акцизите кај нафтените деривати и активирање на нафтените резерви. Мицкоски вели дека складиштата се полни и Македонија има резерви на деривати кои може да ги користи над 62 дена во услови на недостиг на пазарот.

„Доколку има драматичен скок на цената на нафтата и нафтените деривати, Владата веднаш, уште во вторник, на редовна седница, ќе интервенира. Имаме неколку опции – дали ќе намалиме акциза или ДДВ, ние апсоултно ќе застанеме во одбрана на она што е наш интерес, а тоа е стандардот на граѓаните“ – изјави Мицкоски.

Во последните неколку дена некои бензински пумпи не точеа горива по 22 часот или пак ја ограничуваа количината што може да се купи. Премиерот Мицкоски е запознаен со проблемот и вели дека секое девијантно однесување ќе биде санкционирано и дека инспекциите постојано ќе бидат на терен. Според него, добро е тоа што во моментов Македонија има меѓу најевтините горива на Балканот и во Европа, но и дека ако трговците и маркетите ја искористат оваа ситуација да ги покачат цените на производите ќе бидат казнети и ќе плаќаат казни.

Реклама

„Граѓаните треба да бидат спокојни, кај нас цената е драматично пониска од онаа во соседството. Ако литар во Србија е 120 денари, кај нас е 70, исто е ако споредиме и со Косово, Албанија. Уште еднаш како Влада покажуваме дека стандардот на граѓаните ни е пред се. Ние алатките што ги имаме преку ДПИ и Комисијата за заштита на конкуренцијата ќе ги искористиме сите, го менуваме и законот, ги зголемуваме глобите за 10 – 20-кратно“ – вели Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Нафтата од типот брент поскапе за неверојатни 27% последнава недела од 72 на 93 долари за барел. Владата будно ја следи состојбата и не исклучува ниту пораст на инфлацијата ако кризата на Блискиот Исток потрае. Мицкоски вели дека ако има потреба, ќе се интервенира со мерки и решенија за заштита на животниот стандард. Меѓународниот монетарен фонд веќе пресмета дека секое поскапување на нафтата од 10% ја крева инфлацијата за 40 базични поени и го намалува економскиот раст за 0,2%.