Реклама

Хаосот со кравите во Крива Паланка ја премина секоја граница, ВМРО-ДПМНЕ му нуди готов акциски план на градоначалникот Митовски

Последниот бугарски цар „политички некоректен“ кон Радев: Местото на Македонија е во ЕУ, историјата да се остави на историчарите

Пензиите, игрите на среќа и наплатата на даноци во фокусот на пратеничките прашања

Цанов објави нови пораки од Ива Михајлова: „Сите ќе умреме уште вечерва“ – барала да го повлече видеото за наводните притисоци од ДАНС

Владата ќе ги модернизира патарините, дигитализацијата и вештачката интелегенција треба да бидат во функција на побрзо патување

На повидок раскол во ДУИ: Груби и Османи, преку свои верни пиони влегоа во отворен судир за превласт

30-дневен притвор за Кристијан Корабоски, кој до бесознание ја претепа Сара

Панел-дискусии во Собранието по повод 35-годишнината од донесувањето на првиот Устав

Успешен старт на предвремениот откуп на тутунот – 435 денари за прва класа, најавено зголемување на субвенциите

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Македонија

ЗНАМ: Мила Петрушевска избрана за претседателка на Клубот на млади

Младите не се само иднината на Македонија. Тие се нејзината енергија, нејзиниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Младите не се само иднината на Македонија. Тие се нејзината енергија, нејзиниот глас и силата што може да донесе нови идеи, поинаков пристап и вистински промени. Токму со таа порака, на Пелистер денеска се одржа Првата изборна конференција на Клубот на млади на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, на која за претседателка беше избрана Мила Петрушевска, 
магистер по правни науки од областа на казненото право и членка на Советот на Општина Куманово, се вели во соопштението од ЗНАМ, што МИА го пренесува интегрално.

Конференцијата претставува важен чекор во организациското јакнење на Движењето и отворањето ново поглавје во организирањето на младите. Формирањето на Клубот на млади е дел од Акцискиот план на ЗНАМ, со јасна цел, создавање организиран, активен и функционален младински подмладок, во кој младите ќе имаат простор да ги изразат своите ставови, да предлагаат иницијативи и непосредно да учествуваат во креирањето на политиките и насоките на Движењето.

Обраќајќи им се на делегатите, новоизбраната претседателка Мила Петрушевска истакна дека довербата што ја добила ја доживува пред се како одговорност, со визија за младинска организација што ќе биде присутна меѓу младите, ќе ги слуша нивните потреби и ќе создава можности за нивен личен и професионален развој.

Реклама

„Мојата цел е да изградиме подмладок во кој младите нема само да бидат присутни на фотографии и настани, туку навистина ќе учествуваат, ќе предлагаат идеи и ќе имаат можност да влијаат врз одлуките. За мене е важно да не бидам само претседателка која ќе стои пред младите, туку некој што ќе стои зад нив, зад нивните идеи и иницијативи“ порача Петрушевска.

Таа нагласи дека нејзин приоритет ќе биде градењето цврста младинска структура, со активности на терен, едукација, обуки и конкретна поддршка за младите, со цел секој да добие можност да го покаже својот потенцијал и активно да придонесува во заедницата.

На конференцијата се обрати и претседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски, кој ја истакна важноста на младите како активни учесници во политичкиот и општествениот живот и потребата од создавање простор за нови генерации лидери. Тој порача дека силата на едно политичко движење не се мери само според резултатите што ги постигнува денес, туку и според луѓето што ги подготвува да ја преземат одговорноста утре.

„На младите не треба само да им ја препуштиме иднината, треба да им дадеме можност уште денес да ја создаваат. ЗНАМ сака млади луѓе со свои ставови, со храброст да предлагаат, со знаење да преземат одговорност и со енергија да ги претворат своите идеи во конкретни резултати“ истакна Димитриевски.

На Првата изборна конференција беше избрано и Координативното тело на Клубот на млади, кое заедно со претседателката ќе работи на поставување јасна организациска структура, утврдување приоритети и реализација на активности насочени кон поголемо младинско учество.

Со формирањето на Клубот на млади, ЗНАМ испраќа јасна порака дека младите не се декор на политиката, ниту публика што треба само да ги следи одлуките на другите. Тие се луѓе со идеи, знаење, амбиција и право да бидат дел од процесите што ја обликуваат нивната иднина.