Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Коалиција „Менуваме“: Пристапноста е право, а не привилегија – непристапните тротоари ја ограничуваат самостојноста на лицата со попреченост

Градот не се мери само според новите фасади, свечените настани и фотографиите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градот не се мери само според новите фасади, свечените настани и фотографиите за јавноста. Се мери и според тоа дали едно слепо лице може безбедно да помине по тротоарот, дали лице што користи инвалидска количка може самостојно да стигне до својата цел и дали секој граѓанин може да живее со достоинство и еднакви права, порачуваат од коалицијата „Менуваме“.

Од коалицијата „Менуваме“ нагласуваат дека граѓаните со попреченост не бараат сожалување, привилегии или милостина, туку тие бараат пристапност, одговорност и конкретни решенија.

-За многу лица со попреченост и најобичната прошетка низ градот претставува секојдневна борба со непристапни тротоари, паркирани автомобили, урбани пречки и недостиг од соодветни услови за самостојно движење. За некого, излегувањето од дома е ризик, зависност од туѓа помош и уште едно разочарување од институциите што треба да им служат на сите граѓани, се вели во соопштение од коалицијата „Менуваме“.

Реклама

Од коалицијата „Менуваме“ порачуваат дека пристапноста е право, а не услуга, добра волја, ниту предизборно ветување.