Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Балкан

Белград: Делумна полициска блокада на државните институции

Српската полиција денеска ја затвори улицата пред Републичката изборна комисија наспроти која…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Српската полиција денеска ја затвори улицата пред Републичката изборна комисија наспроти која се наоѓа и Претседателството.

За сообраќај, но и за пешаци, е затворен дел од булеварот од крстосницата кај локацијата позната како „Лондон“ кон Теразије, а трасите на јавниот превоз се изменети на потегот од Славија кон Теразије.

Бариери се поставени кај „Лондон“ и на Теразије, а во тој дел има и зголемено присуство на полиција.

Реклама

Засега нема официјални информации зошто овој не мал дел од центарот на Белград е затворен уште од сега и до кога ќе биде непрооден. Во разговор со српските колеги дознаваме дека ни тие не знаат зошто е затворено, ниту имаа дозвола од Теразије да преминат од другата страна кон Славија. Тоа значи дека доколку некој од Теразије сега сака да стигне до Славија, ќе мора да заобиколи голема област.

Неколу метри подолу, на Кнез Михајлова, секојдневието е најнормално, со многу туристи и безгрижни белграѓани кои го пијат своето пладневно кафе и сакаат да изгледаат незаинтересирано. јт/ссм