Реклама

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Алта банка официјално на продажба- прва јавна аукција по принципот „се или ништо“ на 30-ти ноември

Играње по бугарски ноти: Сметката за бегството стигна за наплата – Ива Михаилова претворена во медиумска алатка на Софија

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Нов удар за „СДСМ“: Триесеттина членови од OO Ѓорче Петров преминаа во „ЗНАМ“

Ива Михаилова тајно снимена: Закани, притисоци, услови- бегалката мора да игра по нотите на бугарските тајни служби

Штипската брза помош доби три амбулантни возила со современа медицинска опрема

Од илјадници стада до напуштени пасишта – Галичица се соочува со природна промена

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Прилози

Жестоки судири меќу демонстрантите и полицијата во Тирана

Тирана во пламен. Запалени владини објекти, искршени излози, камења и молотови коктели…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Тирана во пламен. Запалени владини објекти, искршени излози, камења и молотови коктели на улиците. Демонстрантите се судрија со полицијата. Тринаесет повредени, неколкумина уапсени.  Насилните протести во Албанија продолжуваат. Се бара оставка од Еди Рама, кој пак се заканува со строги казни за насилниците. . Илјадници демонстранти и вчера излегоа на улиците за подобар животен стандард, поквалитетни јавни услуги и политичка одговорност. На демонстрантите им се приклучија и универзитетски професори, уметници и претставници на опозициски партии, кои изразија поддршка за барањата на студентите..

Рама ги отфрла повиците за оставка, но најавува дека Владата ќе одговори на барањата на граѓаните. Тој предупредува, дека оние кои учествуваат во насилството ќе се соочат со кривични и финансиски последици.

„Тие кои го величаат насилството, го поттикнуваат или учествуваат во него, мора да разберат дека исто како што урбаниот терор врз населението, бизнисите и обичните семејства во Албанија беше интензивен и долготраен, така и одговорот на државата ќе биде решителен и истраен. Барањата, причините и потребите на оној дел од општеството кој бара посилен владин одговор на зголемените трошоци за живот, како и загриженоста околу унапредувањето на кадрите врз основа на заслуги, остануваат во апсолутен фокус на мене и на владата.“, изјави Еди Рама, премиер на Албанија.

Реклама

Немирите во Тирана се дел од поширокиот бран незадоволство што ја зафаќа Европа. Франција, Грција и Португалија се исто така опфатени со масовни протести од страна на граѓаните. Албанија се соочува со сопствена ескалација, протестите веќе се шират и надвор од центарот на Тирана.  Дел од демонстрантите испраќаат и пораки против опозицискиот лидер Сали Бериша, покажувајќи дека критиките не се насочени само кон владата.