Реклама

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Македонија

Над 1.400 српски државјани и 265 бугарски гласаат во Македонија

Се гласа и во Македонија. Државјани на Србија и Бугарија можат да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се гласа и во Македонија. Државјани на Србија и Бугарија можат да го остварат своето избирачко право. Вкупно 1.438 српски државјани се пријавиле за гласање во Македонија. Гласањето на српската дијаспора е организирано на 93 избирачки места во 37 држави, меѓу кои и во земјава, каде што се гласаше во Амбасадата во Скопје и во почесниот конзулат во Куманово.

Многу слаб интерес има во Македонија за претседателските избори во Бугарија, каде што на седум определени избирачки места низ земјата за гласање се пријавиле едвај 265 бугарски државјани.

Бројот на заинтересирани гласачи бележи пад во однос на претходните парламентарни избори, одржани во април 2026 година, кога во Македонија својот глас го остварија вкупно 463 лица со бугарски пасоши.

Реклама

Според податоците од пописот од 2021 година, во Македонија како Бугари се изјасниле 3.504 лица, додека официјалните статистики од бугарските институции покажуваат дека околу 216.000 македонски државјани досега добиле бугарски пасош.

Во претходните изборни циклуси, од 2022 до 2024 година, излезноста во земјава се движела меѓу 320 и 460 гласачи.