Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Економија

Мицкоски: Коридорите 8 и 10 наш најголем приоритет, неделава тендер за гасоводот со Србија

Поврзувањето е стратешко позиционирање и цел на Владата. Коридорите 8 и 10…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поврзувањето е стратешко позиционирање и цел на Владата. Коридорите 8 и 10 се стратешки за Македонија  како држава од многу аспекти и затоа тоа е наш најголем приоритет, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски при увидот на активностите за изградба на автопатот Гостивар – Букојчани. 

– Изградбата на автопатот, модернизацијата на пругата, брзата пруга на Коридорот 10, енергетското поврзување преку далекуводи, како и гасното – интензивно се гради гасоводот со Грција. Почнуваме неделава со објавување на тендерот за гасоводот со Србија, веќе се добиени сите мислења за оваа цевка, а  во функција е и нафтоводот од пристаништето Солун до Скопје. Кога ова ќе биде завршено тогаш можеме да кажеме дека сме регионален хаб, рече Мицкоски.   

Тој најави дека Владата ќе продолжи да ги поддржува овие проекти и оти очекува дека многу скоро ќе може да биде пуштен преостаниот дел од  автопатот Кичево со Охрид, но истовремено и гасоводот со Грција, во првата половина пд следната година. 

Реклама

На автопатот Гостивар – Букојачни, кој е дел од пакетот патишта што ги гради „Бехтел и Енка“ се работи на 11 километри од предвидените 31.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: