Европската перспектива, уставните измени и стандардот на граѓаните – повторно во центарот на политичкиот судир меѓу власта и опозицијата.
Откако СДСМ ја обвини владата дека нема јасен ЕУ курс, дека граѓаните живеат полошо и дека се неопходни уставни измени со внесување на Бугарите во Уставот – премиерот Христијан Мицкоски возврати со порака: Македонија веќе еднаш направи крупни уставни отстапки, но ветениот подобар живот не дојде.
Првиот човек на владата, истакна дека СДСМ најмалку треба да зборуваат за уставни измени, оти кога тие беа на власт го сменија името, ветуваа ЕУ интеграција, подобро здравство, образование и економија , и сето тоа јавно поставено на билборди, но македонските граѓани не го дочекаа.

„Јас само ќе ве потсетам дека мислам на овој билборд овдека во 2018тата година кога го менуваа името на насилен пат , стоеше дека ќе имаме подобро образовние или здравство. Мислам дека токму на овој билборд овдека беше. Донесоа ли, кога го сменија името? Донесоа ли бесплатно здравство, донесоа ли поквалитетно образование? Подобра економија, Повисоки пензии? Не – само неколкумина од голтари станаа милионери. Ете тие исти голтари кои станаа милионери денеска без нималку срам излегуваат пред македонските граѓани и им велат уште еднашка ќе ве клекнеме на колена ако ни дадете можност, уште еднаш ќе играме на вашето достоинство, уште еднаш ќе чепкаме по вашата душа, ама ние уште некој милион ќе заработиме со тоа што , бел лист хартија ако ни стават на маса ќе го потпишеме.
Во продолжение, Мицкоски ги наброја, како што рече, конкретните резултати на актуелната влада. Линеарно зголемување на пензиите, субвенции од 250 евра за млади за електронски уреди, реконструкција на студентските домови, зголемени стипендии и подобрени услови за студентите.Во земјоделството – тврди – приносите се зголемени за околу 30 проценти, како резултат на редовно снабдување со вода. За политиките кои ги водеа сдсм како власт , а и сега како опозиција – Премиерот оценува дека таа политика е поразена и дека на избори ќе биде, како што рече, „декласирана“.
А Осврнувајќи се на заканите на СДСМ дека ќе излезат од работните групи за изборниот законик, оти не се согласуваат со тоа да се укине техничката влада, по наредните избори, Мицкоски вели дека не е добар чекар за партијата да се оттргнува од Собанието.
„ОД тоа што го слушам и очекувам од нив е и да го напуштат парламентот, еден нивен пратеник тоа го кажа, можеби да ги бојкотираат идните парламентарни избори , за да ова раководство на СДСМ продолжи да биде раководство , Но тоа е нивен избор, ако некој одлучил да се маргинализира од политичката сцена , јас не можам тука да го спречам. Ние како власт, како влада , да ги подучиме дека едншка ВМРО-ДПМНЕ во 1994 година, бојкотираше и лошо помина. Но со тоа што лошо помина, лошо помина и Македонија.“
Дали тоа ќе значи повидок на нова политичка криза – премиерот дециден. Тие речиси имааат двотретиско мнозинство во парламетнтот и нема да дозволат рефрмските закони да трпат, заради тоа што некој сака да си ја маргинализира партијата.
