Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Мерко „распука“ по Ахмети: „Ги браниш Дехари и Беџети, внимателен си за Груби, а се дистанцираше од мене“

Проблеми и во ДУИ. Контроверзниот поранешен градоначалник на Струга, Рамиз Мерко, упати…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Проблеми и во ДУИ. Контроверзниот поранешен градоначалник на Струга, Рамиз Мерко, упати остри критики кон неговата матична партија ДУИ и лидерот Али Ахмети. Вели – од него се дистанцирале, применуваат двојни аршини и го игнорираат, додека други ги бранат и за нив бараат правда.

Мерко ја обвини ДУИ за двојни стандарди, посочувајќи дека не добил поддршка кога се соочил со кривични пријави, за разлика од актуелната поддршка за Блерим Беџети и Фатмир Дехари. Во објава на Фејсбук, тој наведува дека партијата селективно зборува за политички притисок и побара еднаква правда за сите.

Тој потсетува на својот долгогодишен придонес во партијата и изборните резултати, но нагласува дека останал без поддршка кога бил обвинет, тврдејќи дека станува збор за политички мотивирани случаи поврзани со административни одлуки, а не за корупција.

Реклама

Мерко критикува и дека партијата различно реагира во случаи на високи функционери, како Артан Груби, и повикува на неселективна правда. И покрај критиките, изразува поддршка за Беџети, Дехари и други кои, според него, се соочуваат со политички притисоци.

Инаку, во 2023 година, САД го ставија Мерко на „црната листа“ поради вмешаност во корупција.