Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Македонија

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Боледување, а на плажа или на друга работа? – ФЗОМ најавува крај…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Боледување, а на плажа или на друга работа? – ФЗОМ најавува крај на лажните боледувања. Инспектори ќе тропаат на врата и ќе ги контролираат осигурениците кои користат болничко отсуство од работа – најави директорот на Фондот, Златко Перински. Проверките ќе бидат по случаен избор или по пријава од работодавачи.Истовремено и правилата за отварање боледување од матичен се заоструваат. Наместо досегашните седум дена, матичниот лекар во иднина ќе може да отвори здравствено отсуство до пет дена. Перински вели дека целта на овие контроли е да се спречат злоупотребите и неоправданото користење на боледувања кои траат по повеќе од една година.

„Сметаме дека и пет дена во иднина ќе бидат доволни за дообезбедување дополнителна анамнеза или за продолжување на боледувањето. Се олеснува постапката за издавање боледување за оние лица што не се во можност да дојдат со физичко присуство да го обезбедат боледувањето“,рече тој.

Само во август Фондот исплатил над 10 милиони евра  за боледувања, од кои повеќе од 6,7 милиони за породилни.

Реклама

Од Фондот велат дека работат и на подобрување на условите за ин витро оплодување, при што правото на шест обиди останува. Од вкупно 1.883 барања, 237 се однесуваат на четврти петти или шести обид за ин витро.

“Во моментот анализираме градација на финансискиот пакет којшто го даваме за еден обид. Медицински тимови работат на утврдување на поиндивидуализиран пристап во делот на издавање на ваучерот за биолошки потпомогнато оплодување во делот на првиот, вториот или третиот обид, сè со цел да го зголемиме процентот на можност во првите обиди да имаме позитивен исход од целата процедура. Ова се планови коишто планираме да ги ефектуираме од 2027 година, но за да бидеме сигурни дека ќе имаме и финансиска конструкција, а секако и медицински да имаме поддршка за ова, сепак, ќе ни треба уште некој период да го доработиме” – истакна Перински.

Сите овие предлози ќе се разгледуваат на седницата на Управниот одбор закажана за една недела. Ако бидат прифатени, потоа одат во Министерството за здравство на одобрување, а по завршување на постапката треба да почнат да се применуваат.