Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

Манасиевски: Димитријевиќ и СДСМ се ставија на услуга на српската опозиција

Димитријевиќ и СДСМ се ставија на услуга на српската опозиција, станаа маргинална…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Димитријевиќ и СДСМ се ставија на услуга на српската опозиција, станаа маргинална партија во Македонија поради лични интереси на Зоран Заев и Зоран Башановиќ, рече Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, имал средба со српскиот опозиционер Бранко Ружиќ, поранешен министер за образование, кој дошол во Македонија со една цел а тоа е да оформи опозициски фронт со СДСМ за заеднички да соработуваат.

Инаку, Бранко Ружиќ лани бил суспендиран од својата партија СПС, поради неговите јавни ставови против власта во Србија, за само една година подоцна повторно да ги продолжи неговите политики, односно да делува опозициски.

Реклама

Зад целата оваа приказна, стојат Зоран Башановиќ, и неговиот куќен пријател Зоран Заев, кои поради свои лични интереси работат за опозицијата во Србија.

Го прашуваме директно Димитријевиќ, генералниот секретар на СДСМ, дали средбата која се одржала во Скопје, српскиот политичар Бранко Ружиќ дошол во Македонија со бела шкода со регистарски таблички BG 3020 UC? Димитријевиќ треба да одговори дали на таа средба присуствувал и уште еден висок член на претседателство на партија СДСМ од Србија? Зошто СДСМ се става на располагање на опозиција во друга држава, а не се фокусира на македонската политичка сцена? И до кога поради Заев, СДСМ ќе тоне во кал?

Очекуваме одговори од Димитријевиќ и од СДСМ, а не празни флоскули. Утре на прес-конференција го откриваме името на вториот функционер од Србија со кој Димитријевиќ се има сретнато за оформување на овој опозициски фронт.

Манасиевски: Се потврдија нашите тези дека Заев е стопанот, а Филипче чиракот, тоа е лошо за СДСМ која не се менува

Прашање: На вчерашниот роденден на Социјалдемократскиот сојуз се појави и поранешниот претседател и премиер Зоран Заев, кој беше еуфорично пречекан, кој е вашиот коментар за ова?

Одговор: Со синоќешното присуство на Зоран Заев на годишнината на некогаш државотворната партија СДСМ, се потврдија сите наши тези дека Зоран Заев е стопанот, а Филипче е чиракот во СДСМ. Доколку СДСМ сака да се реформира и да биде главна опозиција во Македонија, мора да се оградат и дистанцираат од аболицираниот криминалец Зоран Заев.

Инаку, ако продолжат по истите овие стапки – тоа навистина е многу лошо за СДСМ, кој што како што гледаме нема намера да се промени.