Реклама

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Македонија

Македонската книжевност за деца се претставува на саемот во Болоња

Македонската асоцијација на издавачите (МАИ) годинава првпат со свој самостоен штанд ја…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонската асоцијација на издавачите (МАИ) годинава првпат со свој самостоен штанд ја претставува современата македонска литература за деца на престижниот Саем на книги за деца во Болоња, најзначајната меѓународна манифестација посветена на книжевноста за деца, илустрацијата и издаваштвото, која се одржува од 13 до 16 април.

– Со внимателно осмислен настап МАИ преку присутните изданија и специјално подготвените промотивни материјали ќе ја претстави богатата и разновидна домашна продукција за деца. Во фокусот на годинешното претставување се 32 македонски автори за деца и 19 илустратори, чии дела и визуелни светови сведочат за квалитетот, современоста и креативниот потенцијал на македонската книжевност и издаваштвото за деца. На штандот на МАИ, кој се наоѓа во халата број 30, се изложени репрезентативни изданија (сликовници, романи и едукативни публикации), како и внимателно подготвени каталози и промотивни материјали наменети за странски издавачи, литературни агенти, илустраторски студија и професионалци од областа на издаваштвото за деца – соопшти МАИ. 

Асоцијацијата наведува дека со овој настан има цел да ја зголеми видливоста на македонската литература за деца на светската издавачка сцена, да отвори нови можности за преводи и издавачки партнерства и да воспостави нови професионални контакти со луѓе од целиот свет.

Реклама

– Настапот на Саемот во Болоња е исклучително важен за промоцијата на македонските автори за деца и илустратори во меѓународни рамки. Преку нашиот внимателно осмислен штанд, изборот на најквалитетните изданија за деца во националниот каталог и придружните промотивни материјали испраќаме јасна порака дека македонската книжевност за деца е подготвена за светската публика – велат од Македонската асоцијација на издавачите.

МАИ додава дека присуството во Болоња, покрај редовното присуство на најголемиот светски Саем на книги во Франкфурт, „претставува уште еден значаен чекор во стратешкото и континуирано меѓународно претставување на македонската книжевност, со особен фокус на најмладата читателска публика и на современата илустрација“.

Претставувањето е поддржано од Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија. Саемот на книги за деца во Болоња важи за највлијателен светски настан во областа на литературата за деца и млади. Оваа година, посочува МАИ, се претставуваат речиси 1.500 изложувачи од 90 земји и се очекуваат над 33.000 професионални посетители.