Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Македонската фолклорна група „Илинден“ од  Торонто освои прва награда на меѓународен фестивал во Краков

Фолклорната група  „Илинден“ од Мисисага, Торонто, во која членуваат главно млади по…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Фолклорната група  „Илинден“ од Мисисага, Торонто, во која членуваат главно млади по потекло од Мала Преспа постигна голем успех на Меѓународниот фолклорен фестивал во Краков, Полска, освојувајќи ја првата награда.  
 
– Со автентични македонски ора, носии и песни, групата ги воодушеви жирито и публиката, покажувајќи го богатството на македонската традиција. Во составот на групата играат  млади Македонци чии корени се од Мала Преспа, област во Албанија со вековно македонско население, објави весникот „Македониум”. 
 
Додава дека овие млади луѓе, чии семејства се иселиле во Канада, со својот ангажман ја чуваат и пренесуваат македонската култура и идентитет, и покрај генерациската и географската оддалеченост од родниот крај. 


Претставниците на групата се чувствуваат горди што успеаја да го претстават македонското културно наследство пред интернационална публика. 
 
– Фестивалот во Краков, еден од најреномираните фолклорни настани во Европа, годинава собра групи од повеќе земји, а триумфот на „Илинден“ е потврда за квалитетот и автентичноста на македонскиот фолклор, без разлика дали се негува во Македонија, Албанија или во иселеништвото во Канада, наведува „Македониум”.