Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Македонија и БиХ ја продлабочуваат соработката: билатерална средба помеѓу Минчев и Буноза 

Министерот за јавна администрација Горан Минчев оствари билатерална средба со министерот за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за јавна администрација Горан Минчев оствари билатерална средба со министерот за правда на Босна и Херцеговина, Давор Буноза на маргините на Министерската конференција што се одржува во Будва, во рамки на Берлинскиот процес. 

Средбата, информираат од Министерството за јавна администрација (МЈА), беше посветена на продлабочување на досегашната билатерална соработка меѓу двете институции, при што беа разгледани можностите за потпишување на меморандум за соработка како основа за поинтензивна и структурирана идни партнерска интеракција.

Во фокусот на разговорите беа реформата на јавната администрација, унапредувањето на институционалните и административните капацитети, како и размената на искуства и добри практики во насока на зголемување на ефикасноста, транспарентноста и квалитетот на јавните услуги.

Реклама

Соговорниците ја потврдија заедничката определба за натамошно јакнење на соработката и континуирана размена на знаења и експертиза, со цел поддршка на реформските процеси и усогласување со европските стандарди.

Во рамки на конференцијата, министерот Минчев е предвидено да се обрати на утрешниот министерски состанок, при што ќе има и свое излагање посветено на актуелните предизвици и приоритети во областа на реформата на јавната администрација, како и на унапредувањето на регионалната соработка во контекст на европската интеграција.