Реклама
Македонија

Македонија добива прв национален документ за заштита на културното наследство

Стратешки документ за заштита на културното наследство за прв пат ќе се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Стратешки документ за заштита на културното наследство за прв пат ќе се донесе во Македонија. На последниот ден од расправата за донесување на Националната стратегија, директорката на Археолошкиот музеј, Весела Честоева, вели дека документот бил доставен до сите засегнати страни и од нивна страна е одобрен за понатамошна постапка. Честоева додава дека во стратегијата за состојбата на културното наследство се опфатени повеќе сегменти.

„Направена е анализа на состојбата на културното наследство, направено е унапредување на нормативната и институционалната рамка, зајакнување на капацитетите и заштитата на конзервацијата, интегрирање на културното наследство во развојните политики“, изјави Весела Честова, директорка на Архелошкиот музеј.

Претседателот на комисијата за изработка на стратегијата, Јане Клековски, вели дека на неа работеле десетици стручни лица повеќе од една година за да се донесе финалниот производ.

Реклама

„Националната стратегија имаше за цел најпрво да ги соочи проблемите на културното наследство, потоа да изготви планови и начини за реорганизација на самите установи за стручниот кадар“, изјави Јане Клековски, претседател на националната стратегија за културно наследство .

Посебно внимание е посветено на подигање на јавната свест за културното наследство и негово доближување до јавноста. Овој стратешки документ е многу важен за да знае државата во која насока да се движи. Инаку, документот веќе бил нотиран во извештајот на Европската комисија. Останува само да се достави до Владата и да се изгласа потоа во Собранието со бадентерово мнозинство.