Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Мајката на претепаното двегодишно дете: Близначињата ги добив со ин витро, дадилката треба да одговара и за обид за убиство

Со години посакував да станам мајка, на крајот успеав, со ин-витро, но…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со години посакував да станам мајка, на крајот успеав, со ин-витро, но само јас знам низ каква голгота поминав, за на крај моите чеда да завршат тортурирани и малтретирани од жена монструм, која ја ангажирав преку агенција. Вака, речиси низ солзи со вознемирен глас раскажува мајката на двегодишното дете, за малтретирањето кое е снимено со безбедносните камери на игротека во скопски Аеродром. Мајката, која не сакаше да говори пред камера, во телефонски разговор за Алфа вели дека дадилката наместо само за Запуштање и малтретирање на дете треба да одговара и за обид за убиство и бара најстрога казна.

-Ја гледав целосната снимка, во игротеката ми ја пуштија. Иако од болка и гнев не можев да ја догледам до крај, видов дека таа го гуши моето дете, ставајќи ја нејзината одвратна рака врз устата и носот на моето дете. Сакам да одговара за обид за убиство, а не само за запуштање и малтетирање. Моето дете не може да спие, постојано плаче. Стабилно е, и има повледи на лицето, кое со време ќе поминат, но не знам дали ќе има последици и ќе го однесам на психолог за да побарам помош за да има нормален развој, раскажува мајката за Алфа.

Дадилката монструм, цела година се грижела за детето и за неговите две братчиња. Колку време и дали секојдневно го малтретирала него, или кое и дошло при рака од трите речиси идентични братчиња, не знае ни мајката. Вели дека имала сомнеж и дека често ја надгледувала без да знае дадилката, но никогаш со свои очи не се уверила дека жената која ја најмила грубо се однесувала со децата.

Реклама

-Неколку пати забележував модринки и гребаници кај децата, ама таа секогаш имаше добри изговори. Ми велеше дека паднале, се изгребале, а јас бидејќи се три дечиња и постои веројатност меѓусебно да се изгребат играјќи си, слепо и верував. Се уверував сама себе оти дадилка за која од Агенцијата ми рекоа дека има лиценца, иако не ми ја прикажаа, има искуство. Таа за да ги чува децата земаше по 30.000 денари месечно, не можев да поверувам дека може да ги малтретира. Таа жена монструм дента кога е снимена како во игротеката го треска од земја едно од моите деца, ги чуваше заедно со мојата свекрва. Свекрвата излегла на пет минути до маркет, а во тоа време дадилката го тепала и тортурирала Дарио, вели мајката.

Дадилката монструм е зад решетки. Од јавното обвинителство за Алфа потврдуваат дека судија на претходна постапка на обвинетата и одредил мерка притвор од триесет дена, а по барање на обвинителот.

Во меѓувреме се отвара прашањето дали државата води сметка кого препорачуваат Агенциите за посредување при вработување на дадилки и негувателки. Министерката Царовска, вчера апелираше до родителите да ангажираат лиценцирани негувателки, но во овој случај, дадилката била ангажирана преку Агенција, која посредува токму за ангажман за грижа за деца – дадилки и бебиситерки, грижа за возрасни – негуватели, како и за одржување на домот. А оттаму ги увериле родителите дека дадилката има и лиценца.

Скандалозниот случај со дадилката која тепаше дете ја згрози јавноста. Случајот се обелодени завчера, благодарение на споделен видео запис од игротека во скопски Аеродром, ама и пријава од сопственикот.

Сања Трајковска Ставров