Реклама

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Фаризи за протестот на ДУИ во Тетово: Ја губат поддршката, се исплашија да протестираат пред Уставен, да не се најдат на црна листа на САД

Богдановиќ: СДСМ не ни сака да учествува во носење на Изборниот законик

Дукоски по последната пресуда од Стразбур за Атанасовски: Уште еден доказ за ударите врз правната држава

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

И покрај деструктивноста на опозицијата, продолжуваме со реформите, потенцира Мицкоски

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Македонија

Лукровски прогласи победа: Денеска не победувам јас, победува Карпош

Кандидатот за градоначалник на општина Карпош Сотир Лукроски на својот Фејсбук профил…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кандидатот за градоначалник на општина Карпош Сотир Лукроски на својот Фејсбук профил прогласи победа во вториот круг на Локалните избори.

– Драги мои карпошани, вечерва зборувам со срце полно гордост и благодарност. Во оваа кампања не се борев за функција, се борев за доверба. За секој човек кој веруваше дека чесноста, трудот и вистината повторно можат да победат.
Денес не победувам јас, победува Карпош. Победуваат сите оние што не се откажаа од својот град. Оние што секој ден ме запираа на улица и велеа: „Сотир, време е да се смени нешто!“, напиша Лукровски на Фејсбук.

Гледавме, додава тој, како Карпош се бетонизира, како зеленилото исчезнува, како улиците стануваат депонии, а луѓето неми сведоци на неправда.

Реклама

-Тоа беше реалноста. Но, вечерва, таа реалност завршува. Вечерва започнуваме ново поглавје. Време на ред, визија и работа. Време кога општината ќе биде сервис за граѓаните, а не алатка за лични интереси. Време кога ќе се слуша секој глас и ќе се гледа секое дело. Нашата програма не е список на ветувања, туку договор со граѓаните. Ќе ја дигитализираме општината.
Ќе ги реконструираме фасадите и лифтовите, вели Лукровски.

Најави нови паркинг места, повеќе зелени зони, а Карпош, како што вели, ќе стане пример за современ, урбан и достоинствен живот.

– Ова не е победа на една партија, ова е победа на сите луѓе што сакаат промени. На тимот, на волонтерите, на младите и на постарите што веруваа. Благодарам што бевте со мене во секој чекор од овој пат. Јас ќе бидам секој ден со вас на улиците, во маалата, кај проблемите, со решенија. Вечерва не славиме крај, туку нов почеток. Почеток на Карпош што повторно дише со народот. Да живее Карпош. Да живее Македонија, напиша Лукровски на својот фејсбук профил.