Реклама

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

„Преку Езерото“ го раздвижи Дојран како никогаш досега – локалната власт ќе ја прошири поддршката за фестивалот

Нови авио-правила од 2027: бесплатен рачен багаж и до 600 евра за задоцнет лет

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Откако се „потрошија“ водејќи инает со власта за изборните правила, СДСМ и Левица се испокараа меѓу себе

Нов случај на врсничко насилство – девојче од Куманово тепано и понижувано

Божиновска од Глобочица: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Економија

КСС: Секоја реална можност за подобрување на материјалната состојба на вработените треба да се искористи веднаш

Почитувани претставници на медиумите, КСС започнува со постапка за прифаќање на понудата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Почитувани претставници на медиумите,

КСС започнува со постапка за прифаќање на понудата за зголемување на платите на административните службеници во рок од 25 до 26 месеци почнувајќи од 01.03.2026 година завршувајќи до 01.03.2028 година, и заедно со линеарното покачување дополнително ќе се покачуваат платите по 8% секоја година, за кој веќе е започаната подготовката на поединечни колективни договори, со цел зголемувањето на платите во администрацијата да стане реалност без да се изгуби времето на работниците !, се вели во соопштението од Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС).

Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) уште од првиот момент ја прифати понудата кога таа беше изнесена, без опструкции, без калкулации и без злоупотреба на работниците. Нашиот став беше и останува јасен – секоја реална можност за подобрување на материјалната состојба на вработените треба да се искористи веднаш.

Реклама

Во изминатиот период јавноста е сведок на обиди за создавање лажна слика дека не постоела реална можност за покачување на платите и дека некој друг е виновен за изгубеното време на работниците. Вистината е поинаква и мора јасно да се каже.

Понуда за покачување на платите постоеше и беше ставена на маса. Наместо таа да биде прифатена и да се оди кон конкретна реализација во интерес на работниците, процесот беше свесно опструиран од страна на УПОЗ и ССМ. Поради ваквиот пристап, работниците изгубија неколку драгоцени денови и месеци, не поради суштинска борба за права, туку поради дневнополитички популизам и обиди за собирање поени преку протести без резултат.

Под притисок на преговорите на КСС и САДУ вистината излегува на виделина и она што ССМ сакаат да го прикажат како неуспех, е успех за работниците. Како може да се каже дека социјалниот дијалог не функционира, кога КСС преку социјален дијалог успеа да се зголемат платите во образование, здравство, полиција, а во одбараната да се почитува колективниот договор и да се исплаќаат сите додатоци на плата!

Вистинската синдикална борба се води со одговорност, искреност и конкретни резултати за работниците, а не со спинови и селективна „загриженост“ што се појавува само кога тоа одговара на нечии интереси.

КСС ќе продолжи да дејствува во интерес на работниците – со дела, а не со празни зборови!