Реклама

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Тутунскиот комбинат Прилеп оштетен за 3,3 милиони денари – кривични пријави за екс-директор и негови соработници

АХВ демантира: Угинатите овци во Соколарци се соодветно закопани и извршена е дезинфекција

Филипче куртули: Обвинителството ја затвори предистрагата за набавката на модуларните болници за време на ковид кризата

„Сејф сити“ ги стигна и станците: Казните ги чекаат на Табановце, над 33 илјади прекршоци

Попустите остануваат – и оваа година поевтин училишен прибор за учениците

Мицкоски ја фрли изборната ракавица: ДУИ самоуверено ја прифати, СДСМ со наведната глава одбија

Приоритетите на дипломатијата: Националните интереси, економијата и грижа за иселениците

Мицкоски не сака да губи време со Радев: На заедничка маса само за конкретни разговори и решенија

Летото не попушта, нов топлотен бран во Македонија

Димитриеска-Кочоска: Буџетот се полни солидно

Македонија

Комисијата за економски прашања ги прифати законските измени за упатување македонски работници за градежни и сезонски работи во странство

Комисијата за за економски прашања, труд и енергетска политика на денешната 54-та седница го усвои предлог на законот за изменување на Законот за упатување работници од Македонија во други држави за изведување на градежни работи преку проектни договори и за вршење на други сезонски работи и ќе се даде на натамошно читање. Претседателот на комисијата, […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Комисијата за за економски прашања, труд и енергетска политика на денешната 54-та седница го усвои предлог на законот за изменување на Законот за упатување работници од Македонија во други држави за изведување на градежни работи преку проектни договори и за вршење на други сезонски работи и ќе се даде на натамошно читање.

Претседателот на комисијата, Бојан Стојаноски, рече дека предлог законот за изменување на законот за упатување работници од Македонија во други држави за изведување на градежни работи преку проектни договори за вршење на други сезонски работи е прифатлив и треба да се даде на натамошно читање во Собранието.

Повереникот на Владата, Ленче Коцевска го образложи предложениот закон, со кој како што рече се врши усогласување со одредбите на законот за изведување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа. Со усогласувањето на овој закон, како што објасни Коцевска, ќе се овозможи конзистентност на правниот систем и доследна примена на законските одредби во работите коишто се однесуваат на работните односи и заштитата на работниците при работењето.

Реклама

– Предлого на законот содржи 12 члена, со членовите од 2 до 9 од предлогот на законот се врши усогласување со одредбите од законот за изменување и дополнување на законот за организација на работата на органите на државната управа, со кој се врши пренесување на досегашните надлежности на Министерството за труд и социјална политика во Министерството за економија и труд. Со членовите 1 и 11 се врши усогласувања со амандманот на Уставот на Македонија така што низ целиот текст на законот, зборовите Република Македонија се заменуваат со зборовите Македонија. Со членот 12 се уредува влегување во сила на овој закон-рече Коцевска.

Предлагач е Владата, овластен предлагач е министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши.