Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

Колефски и претставник на Европската комисија разговараа за развојот на Пустец и Мала Преспа

Градоначалникот на Општина Пустец, Пали Колефски, во Скопје, на маргините на 11-тиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Општина Пустец, Пали Колефски, во Скопје, на маргините на 11-тиот EUSAIR форум, остварил средба со Гилес Гител, претставник на Европската комисија во Генералниот директорат за регионална и урбана политика (DG REGIO), како и раководител на тимот за Инструментот за претпристапна помош (IPA), преговорите за проширување на Европската Унија и Јадранско-јонската макрорегионална стратегија (EUSAIR). 
 
-Имавме многу плоден разговор, што е продолжение на нашите претходни контакти. Разговаравме за убавините на Преспа, нејзините природни ресурси и извонредниот потенцијал на општина Пустец за одржлив развој, објави Колефски. 
 
Гител изразил желба  да ја посети општина Пустец (Мала Преспа) и најавил дека истата ќе ја реализира  во текот на јули, со цел да се запознае со туристичкиот, културниот и природниот потенцијал на областа, како и со предизвиците и можностите за развој во регионот Преспа. 
 
-За време на разговорот беше нагласена важноста на регионалната соработка, развојот на одржливиот туризам, заштитата на животната средина и зелените проекти, како и улогата што Општина Пустец може да ја игра во рамките на европските стратегии и програми за Западен Балкан, додава Колефски. 
 
Посочува дека неговата претстојна посета ќе претставува важна можност за промоција на Мала Преспа и зајакнување на врските со европските институции, во функција на одржлив развој и приближување кон стандардите на Европската Унија.