Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Коцевски неовластено оддавал службени тајни и направил крупни грешки – Владата ја продолжува процедурата за разрешување

Љупчо Коцевски неовластено оддавал службени тајни, информации поврзани со предмети во Јавното…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Љупчо Коцевски неовластено оддавал службени тајни, информации поврзани со предмети во Јавното обвинителство, го нарушил неговиот личен углед и угледот на Обвинителството, работата и функционирањето на органите на прогон била ставена под знак прашалник. Не постапувал и чувал предмети во фиока и го нарушил интегритетот. Ова се причините поради кои Владата ja продолжува процедурата за разрешување на Коцевски од позицијата Републички обвинител, која беше привремено стопирана поради локалните избори. 

Поради направени крупни професионални грешки при раководење со ЈО, нарушување на угледот, неовластено изнесување информации и податоци за судски предмети, како и непостапување по предмети, ја наруши функционалноста на Јавното обвинителство. Сериозно е нарушен интегритетот. Постапувајќи на овој начин, Коцевски флагрантно ја повреди должноста да го чува угледот на функцијата. Владата предлага на Собранието да го разреши Коцевски. Ако сакаме правна држава, состојбите мора да се сменат, бидејќи има само 2% доверба во судството, изјави портпаролката на Владата, Марија Митева.

Коцевски и натаму не отстапува. Смета дека предлогот за неговото разрешување бил политички мотивиран. 

Реклама

Овие ставови, Коцевски ги изнесе пред денешната седница на Советот на јавни обвинители каде се бираше претседател на ова тело. Откако мандатот на Душица Димитриевска истече на 1 октомври постапката за избор беше стопирана поради изборите. Башким Бесими кој до сега беше заменик претседател, официјално застана на чело на Советот за јавни обвинители.