Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Клековски: Во 2025 година зголемен буџетот на ФЗО, унапредување на ПЗЗ и значителен напредок во транспарентноста на институцијата

Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) денеска ги презентираше клучните резултати за 2025…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) денеска ги презентираше клучните резултати за 2025 година кои опфаќаат зголемување на буџетот на институцијата за 6,13 отсто, зголемување на капитацискиот бод на матичните лекари за 33 отсто и рангирање на прво место според транспарентност меѓу државните институции.

– Управниот одбор на ФЗО минатиот четврток го одобри годишниот извештај за 2025 година. Минатата година Фондот се грижеше за 1.841.000 осигуреници за што вложи 51,5 милијарди денари. Бројот на осигуреници останува стабилен со неопходно свртување внимание дека на двајца активни осигуреници во работен однос има еден пензионер и едно невработено неосигурено лице. Овој тренд треба да се следи многу внимателно. Во однос на финансиите 51,5 милијарди денари е вложувањето во здравството. Тоа е околу 6,13 проценти зголемување во однос на 2024 година и петта година по ред има зголемување на буџетот на ФЗО. Издвојувањето за Фондот се околу 4,95 проценти од БДП на земјата, а заедно со издвојувањето за здравството во Министерството за здравство, издвојувањето е околу 5,31 отсто од БДП и околу 13 отсто од буџетот на Македонија, рече генералниот директор на ФЗО Сашо Клековски.

Посочи дека со овие финансиски показатели сме во средината на табелата со земјите од регионот, највисоко се Словенија и Хрватска со над седум отсто издвојување од БДП, со околу 5,5 отсто издвојување од БДП се Србија, Македонија и Босна и Херцеговина, а Албанија и Косово се со пониски издвојувања. 

Реклама

– Најголем дел од финансиите се наменети за јавното здравство. За забележување е дека во 2025 година го имавме и историското зголемување на капитациите за матичните лекари, од 33 проценти, што е најголемо зголемување по повеќе од една деценија. Имаме раст на сите услуги и во болничкото лекување и во специфичните здравствени услуги како кардиохирургија, дијализа, офталмологија итн. и имаме раст во надоместоците за боледување, растат и износите за породилни боледувања кои се околу 72 милиони евра во 2025 година и покрај тоа што бројот на породилни отсуства е ист. Делумно тоа се должи на зголемување на платите во 2025 година, појасни Клековски. 

На институционално ниво, потенцира тој, минатата година одбележавме 25 години грижа за здравјето на граѓаните на Македонија.

– Имаше неколку промени, воведовме шест бесплатни обиди за ин витро, се намали рокот за одлучување за лекување во странство од 45 на 30 дена, се поедностави процедурата, истовремено за ин витро се направи целосна дигитализација на процесот. Благодарение на зголемената транспарентност од Државниот завод за ревизија бевме оценети како најтранспарентна институција на интернет минатата година, додаде Клековски.