Реклама

Нов ургентен центар во Штип за побрзо згрижување на 150.000 пациенти од Истокот

Старите занаети во Охрид изумираат, градот останува без душа

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Мицкоски: Владата веќе ја постигна целта до крајот на мандатот да достигне БДП од 20 милијарди долари

„САНТЕ ПЛУС“ под истрага и во Македонија и во Албанија – милионски злоупотреби, приведени сопственици и оштетни илјадници пациенти

Мицкоски очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница

Побрзо до Јадранот, поблиску до нови економски можности – Скопје и Тиват се поврзуваат со нова директна авиолинија

Божиновска: Политичките промени во Србија нема да влијаат врз заедничките проекти со Македонија

Два различни концепти: За Брвеница едни повикуваат да се гласа за проекти, други за да не победат „Каурите“

Поранешниот директор на ФЗОМ Ден Дончев, вработени во фондот и во приватна болница се сомничат за злоупотреби од 5 и пол милиони евра

Крупните инфраструктурни проекти отвораат големи перспективи за домашните градежници

Македонија

Кандидатот на ВРЕДИ, Фисник Меља прогласи победа во Дебар

Во Дебар, по вториот круг на гласање вечерва победа прогласи Фисник Меља,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Дебар, по вториот круг на гласање вечерва победа прогласи Фисник Меља, кандидат на ВРЕДИ поддржан од ВМРО – ДПМНЕ. Според изборниот штаб тој освоил над 700 гласови повеќе наспроти неговиот против кандидат Рамадан Имери, кој беше независен кандидат.

Фисник Меља (41) е магистер по ИТ, оженет е и татко е на две деца. Тој е актуелен заменик директор на Управата за јавни приходи.

– Благодарам најпрво за мирната и демократска изборна атмосфера и за поддршката што ми ја дадовте, за да му ги вратиме оптимизмот,  единството и достоинството на Дебар. Од утре почнува нова епоха за општина Дебар и сите граѓани независно од која било припадност.

Реклама

Благословен да е Дебар и дебрани, за чие подобро утре заедно со централната власт и поддршка на нашите иселеници ќе му го вратиме достоинството на Дебар, што го заслужува, порача Меља во кусото обраќање пред голем број граѓани на прославата на победата.

Тој ги замоли присутните славењето да биде достоинствено, како што мина и кампањата и изборните денови. Инаку, во првиот круг беа избрани 15-те членови на новиот совет на општината, од нив пет освои коалицијата ВРЕДИ, четири коалицијата НАИ, три независните кандидати, две ВМРО-ДПМНЕ и едно СДСМ.

Во соседната општина, Центар Жупа, поради необезбеден цензус во првиот круг, изборите за градоначалник ќе бидат повторени од почеток.

На 19 октомври беше избран новиот совет на оваа општина, кој брои 9 членови, во кој три обезбеди Демократската партија на Турците, по две советнички места имаат СДСМ и Движењето за национално единство на Турците и по едно ВМРО-ДПМНЕ и Партијата за движење на Турците.