Реклама

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Македонија

Извршено пошумување со потсејување на локалитетот „Брана“ во Национален Парк „Маврово”

Управата на Јавната установа Национален Парк „Маврово” – Маврови Анови, согласно законските…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Управата на Јавната установа Национален Парк „Маврово” – Маврови Анови, согласно законските обврски и според планските документи, изврши пошумување со подсејување на локалитетот „Брана“, во одделите 67а и 68а.

Тоа е дел и од обврската за пошумување во шума каде што е воведен шумски ред по елементарна непогода.

-Потсејувањето со 10,5 килограми елово семе од автохтоно потекло го спроведоа  стручните служби на Паркот, во присуство на надлежниот инспектор од областа на шумарството, кој е задолжен за контрола при воведување на шумски ред и интервенција, со пошумување на наведениот терен, информираа од НП „Маврово”. 

Реклама

Семето е  потврдено со Уверение за потекло и процентуална ртливост , издадено од Факултетот за шумарски науки, пејсажна архитектура и екоинженеринг „ХАНС ЕМ“ – Катедра за семенарство, Скопје.

Постапката била спроведена со подготовка на теренот и методот со плоштатки, со фрлање на семе заедно со лушпи, имитирајќи го природниот начин на осеменување во природата.

-Со оваа активност, уште еднаш ја потврдуваме нашата посветеност на заштитата, обновата и негувањето на шумските екосистеми – нашето најголемо природно богатство.  Исто така ја исполнуваме нашата мисија – зачувување на природата за идните генерации и одговорно управување со шумските ресурси, посочуваат од НП „Маврово”.