Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Изборните комисии на единиците на УКИМ утре ќе го подигнат изборниот материјал од УИК пред гласањето во вторник за нов ректор на Универзитетот

На единиците во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На единиците во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, во вторник (28 април) од 12 до 14 часот, ќе се избира ректор на УКИМ за мандатниот период 16 септември 2026 – 15 септември 2029 година. Со тајно гласање ќе се избира помеѓу двајцата кандидати за прв човек на УКИМ – актуелната ректорка, проф. д-р Биљана Ангелова, која е редовен професор на Економскиот институт во Скопје, и проф. д-р Дарко Данев, редовен професор на Машинскиот факултет во Скопје.

Универзитетската изборна комисија (УИК) го утврди и објави Единствениот избирачки список со имиња  на членови од наставно-научниот кадар на факултетите и институтите на УКИМ кои имаат право да гласаат. Според роковникот на активности, утре, ден пред гласањето на единиците во составот на УКИМ, изборните комисии ќе го подигнат изборниот материјал од Универзитетската изборна комсија (УИК). 

Резултатите од тајното гласање треба да бидат објавени на крајот од денот на изборите (28 април), а потоа ќе следува тридневниот рок за приговори по резултатите – од 29 април до 5 мај.

Реклама

На веб-страницата на УКИМ од вторникот се објавени и  програмите за работа на двајцата кандидати за ректор и нивните биографски и библиографски податоци. 

По утвдувањето на конечната листа на кандидати минатата недела, од УИК за МИА изјавија дека активностите се одвиваат според роковникот и оти и понатаму ќе се работи според временската рамка за спроведување на потребните дејства за избор на ректор на УКИМ.

Според временската рамка, предвидени се и термини за евентуално прегласување, заедно со рок за приговори и нивно разгледување, а на 14 мај ќе бидат објавени конечните резултати за избор на ректор на УКИМ.

Проф. д-р Дарко Данев беше декан на Машинскиот факултет во два мандата (2016 – 2023). Во својата кандидатура тој најави визија за УКИМ како модерен, отворен и меѓународно конкурентен универзитет, со фокус на дигитализација, унапредување на квалитетот на наставата, поврзување со индустријата и поголема поддршка за студентите и младите истражувачи.

Според Данев, УКИМ има капацитет да биде двигател на развојот на државата и негова цел е Универзитетот да биде препознатлив по знаење, иновации и вредности и да ги задржува и развива најдобрите млади кадри.

-Бидејќи чувствувам дека имам доволно искуство зад мене, доволно знаење со менаџирање, со управување и со водење на факултетот во два мандата, седум години по ред, ценам дека можам да дадам некаков придонес, како што тоа заедно со тимот на продекани и деканатската управа го правивме за оние седум години на Машинскиот факултет, а имаше многу постигнувања. Не велам дека досега не е добро, но велам дека може да биде подобро, изјави проф.д-р Данев во четвртокот на дебата што ја организираше Независниот академски синдикат (НАкС).

 Кандидатката за реизбор, актуелната ректорка Биљана Ангелова не присуствуваше на дебата поради закажани обврски на конференција во Охрид. Таа е кадар од Економскиот институт и на 16 септември 2023 ја презеде функцијата од нејзиниот претходник, проф. д-р Никола Јанкуловски. Во нејзиниот досегашен мандат стратешки проект што почна да се реализира лани е дигитализација на сервисите за студентите, а приоритети ѝ беа и интернационализација, модернизирање, евалуирање и унапредување на наставните програми, со цел УКИМ да прерасне во отворен универзитет со европски вредности и видлив на меѓународниот високообразовен и научноистражувачки простор.

Според Ангелова, Универзитетот се „позиционира како водечка институција во земјата и регионот со силна меѓународна вмреженост и потенцијал за иновации“.

-Мотивот за оваа кандидатура произлегува од моето досегашно искуство, визија и посветеноста на реализација на целите кои ги постигнуваме. Во мандатот кој го добив, благодарение на вашата поддршка во изминатиот период, успеавме да постигнеме повеќе приоритети и клучни цели. Она што беше зацртано во мојата Програма, со моја максимална посветеност и макотрпна работа на тимот околу мене, но и со поддршка на целата академска заедница на УКИМ, успеавме да го реализираме. Резултатите и постигнувањата во мојот претходен мандат, како и предизвиците пред кои сме исправени, се клучните причини за оваа кандидатура, пишува во програмата Ангелова, обраќајќи им се на членовите на академската заедница на УКИМ; соработниците и студентите. 

Изборот на новиот ректор на најстариот и најголем универзитет во државата се совпаѓа со донесувањето нови закони – закон за високо образование и закон за квалитет во високото образование (заедно со законот за научноистражувачка дејност), кои содржат многу новини и заострени критериуми во високообразовната дејност.