Реклама

Искра Хаџи Василева избрана за нова шефица на ОЈО ГОКК со 64 гласа

Синдикатите и работодавачите на маса – наместо минимална плата, се договара решение за плаќање по работен час

Ваучери за храна по примерот на Словенија – ново решение за поддршка на студентите

СБ: Македонската економија со најбрз раст во регионот, Владата ќе продолжи со пробизнис политика

Николоски најави нови два експесни патишта кон Бугарија, железничко поврзување со Албанија

Лична карта и возачка дозвола на мобилен телефон – промоција на М.УСЛУГИ, нова бесплатна апликација

Четворица уапсени за двете убиства во Ѓорче Петров 

Кој ќе седне во жешкото обвинителско столче во Организиран криминал – Во изборната трка учествуваат пет кандидати

„Револуција во кадар“ – ВМРО низ фотографии од 1893 до 1934 година

Договорите на дело да се трансформираат во редовни вработувања во дел од институциите – предлог-закон на ВМРО-ДПМНЕ

Потпишана националната програма за достоинствена работа 2026-2030

Форум на „Унитаб“ во Прилеп – македонскиот модел пример дека производството на тутун има светла иднина

Македонија

Иванов се обрати на промоцијата на стратегијата на Националниот совет на македонското национално малцинство во Република Србија

Поранешниот претседател на Македонија, д-р Ѓорге Иванов, беше почесен гостин на промоцијата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поранешниот претседател на Македонија, д-р Ѓорге Иванов, беше почесен гостин на промоцијата на стратегијата за работа на Националниот совет на македонското национално малцинство во Република Србија за периодот 2026 – 2031 година. На настанот, што се одржа синоќа во Нови Сад, во годината кога се одбележуваат 80 години од доселувањето на Македонците во Војводина, претседателот Иванов имаше пригодно обраќање, во кое ја истакна важноста на институционалната грижа за зачувување на идентитетот, јазикот и културното наследство на македонската заедница во Република Србија – се вели во соопштението од Кабинетот на поранешниот претседател на Македонија 2009 – 2019, д-р Ѓорге Иванов.

Во своето обраќање претседателот Иванов го нагласи значењето на образованието на македонски јазик како клучен столб за зачувување на националниот идентитет посочувајќи дека „преку можноста младите да учат и да се изразуваат на својот мајчин јазик не се пренесува само знаење, туку и чувство на припадност, достоинство и самосвест“. Тој особено ја истакна потребата од активна вклученост на младите генерации во институционалниот и општествениот живот на заедницата оценувајќи дека нивната енергија, визија и лидерство се двигател на нејзиниот понатамошен развој.

Осврнувајќи се на јубилејот од 80 години од доселувањето на Македонците во Војводина, претседателот Иванов посочи дека станува збор за историски втемелена приказна на истрајност, работа и достоинство, преку која македонската заедница оставила длабока трага во општествениот и културниот живот на средините во кои живее. Во таа насока, тој упати искрена благодарност за поддршката што ја даваат властите во Република Србија и Војводина оценувајќи ја како силна порака на почит и вреднување на македонската заедница во Србија.

Реклама

Во говорот Иванов ја потенцира улогата на македонската заедница во Република Србија, како и на српската заедница во Македонија, кои претставуваат жив мост на пријателство, разбирање и соработка меѓу двете држави, со посебно значење на културната, општествената и дипломатската соработка.

На промоцијата присуствуваа министерот за човекови и малцински права и општествен дијалог на Србија, Демо Бериша, македонскиот амбасадор во Србија, Никола Тупанчески, покраинската омбудсманка Драгана Ќориќ, директорот на Архивот на Војводина, Небојша Кузмановиќ, како и претставници на Покраинскиот секретаријат за образование, прописи, управа и национални малцинства, претставници на Македонскиот национален совет и на македонската заедница во Република Србија.

Целите и програмските определби на стратегијата детаљно ги образложија претседателката на Советот, Зорица Митровиќ, и секретарот Марјан Јованоски, кои се осврнаа на клучните приоритети, мерки и активности предвидени за наредниот период, по што со свои обраќања се обратија и амбасадорот Тупанчески, ресорниот министер Бериша, како и домаќинот на настанот, директорот на Архивот на Војводина, Кузмановиќ.

За време на настанот претседателот Иванов оствари кратки средби со присутните претставници на државната власт на Република Србија, како и со претставници на покраинската власт на Војводина. Особено значајни беа средбите со претставниците на македонската заедница во Војводина и со претседателството на Националниот совет на македонското национално малцинство во Република Србија, на кои беше изразена заедничка подготвеност за понатамошно продлабочување на соработката и поддршката на активностите од интерес за македонската заедница.