Реклама

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Македонија

ИПИС: Мицкоски лидер со најголема поддршка, 5 пати поголема од Филипче

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е политичарот со најголема доверба во Македонија.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е политичарот со најголема доверба во Македонија. Aнкетата на ИПИС покажува дека во него, веруваат 27,8 отсто од испитаниците, Зад него е Али Ахмети од ДУИ со поддршка од 8,6, додека на третото место се наоѓа лидерот на СДСМ, Венко Филипче со 5,5 проценти. Тоа значи дека лидерот на ВМРО ДПМНЕ, има пет пати поголема доверба од првиот човек на СДСМ.

“Христијан Мицкоски со доверба од 27,8 % , Али Ахмети 8,6 проценти, Венко Филипче 5,5 проценти, Максим Димитриевски 4,3 проценти, Димитар Апасиев 4 проценти, Арбен таравари има доверба од 2,7 посто”, покажува анкетата на ИПИС.

И во делот на партиските рејтинзи, убедливо е водството на владеачката ВМРО ДПМНЕ.. Доколку следната недела би се оджале парламентарни избори, дури 27,2 насто од испитаниците одговориле дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, а само 9,6 проценти својот глас би го дале за СДСМ. Европскиот фронт на Ахмети е со минимална предност пред коалицијата „Вреди“.

Реклама

“ВМРО ДПМНЕ 27,2 проценти, СДСМ 9, 6 ,Коалицијата Европски фронт – ДУИ 8,5 %, Коалицијата ВЛЕН 7,8 %, Левица 4,8 % , ЗНАМ 4 проценти” – вели анкетата од ИПИС.

Повеќе од половина од анкетираните имаат позитивно мислење за работата на премиерот во првите 100 дена, додека нешто под една третина, негативно гледаат на досега сработеното.

Анкетата на ИПИС е спроведена телефонски во периодот од 10 до 13 октомври врз репрезентативен примерок од 1.134 испитаници.

Ања Лукарова