Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Меџити: Реализираме тоа што ветивме, го правиме Чаир поуреден и поубав

Продолжуваат инвестициите во патната инфраструктура во Стари Чаир. Градоначалникот на општина Чаир,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Продолжуваат инвестициите во патната инфраструктура во Стари Чаир. Градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити, информираше дека активностите за реконструкција на улиците продолжуваат на улицата „Ресенска“, каде во моментов се асфалтираат околу 900 квадратни метри патна површина, соопштија попладнево од локалната самоуправа.

Оттаму нагласија дека со реализацијата на овој проект се подобрува уште еден дел од инфраструктурата во Стари Чаир, со што се создаваат подобри услови за сообраќај и пофункционална и поуредена урбана средина за граѓаните.

– Секое ветување го исполнуваме, секој проект го реализираме. Нашата работа се гледа на терен. Проект по проект, улица по улица – го реализираме она што го ветивме и го правиме Чаир поуреден и поубав за граѓаните – се истакнува во пишаната изјава на Меџити.

Реклама

Од локалната самоуправа додадоа дека работите на улицата „Ресенска“ се дел од континуираните инвестиции за реконструкција и модернизација на патната инфраструктура во Стари Чаир и во другите делови на општината.