Реклама

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Прилози

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Капушески, Јахоски, Сулкоски и Ковачевски прерано се израдуваа – Вишото обвинителство ја…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Капушески, Јахоски, Сулкоски и Ковачевски прерано се израдуваа – Вишото обвинителство ја воскресна истрагата за милионскиот криминал со набавката на мазут за ТЕЦ Неготино, предмет за кој предходно обвинителството на Ислам Абази ја запре постапката. Пресвртот следи откако државната компанија ЕСМ вложи жалба, со која практично го изби аргументот на обвинителката Катерина Коларевиќ дека немало пријавена штета, па затоа немало ни криминал. Вишото обвинителство бара прецизно да се докаже кој директно, а кој со помагање овозможил од 167-те милиони евра државни пари, наменети за енергетската криза да завршат во приватни џебови.
Вишото јавно обвинителство Скопје побара да продолжи постапката во насока на утврдување на сите поединечни дејствија на осомничените, особено дали и кој презел директни дејствија или дејствија на помагање со кои правното лице ЕСМ, преку злоупотреба на наменски доделени средства од државниот буџет, а под превез на користење на повластена законска основа од член 23 од Законот за јавни набавки, овозможиле имотна корист од големи размери за еден од осомничените и неговото правно лице, соопштуваат од Јавно обвинителство на Македонија.
Случајот е од март 2025-та, кога Обвинителството за организиран криминал заедно со полицијата спроведоа акција против 13 луѓе и една фирма под сомнеж дека злоупотреба јавна набавка и переле пари при купувње на мазутот за ТЕЦ Неготино.
Во фокусот на истрагата е фирмата РКМ која го добила тендерот и нејзините сопственици Ратко Капушевски и Ерџан Сулкоски. Меѓу осомничените беше и сопственикот на Пуцко Петрол, Асмир Јахоски, син на пратеникот Исмаил Јахоски. Во истрагата е опфатен и екс директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски кој е во бегство и се бара по меѓународна потерница за друг случајот – Адитив. Во постапката беа одредени и затворски притвори, но до летото 2025 сите осомничени излегоа од зад решетки со понудени милионски гаранции и одредени мерки за претпазливост. Инаку, запирањето на истрагата предизвика лавина реакции во јавноста. Станува збор за голема злоупотреба на државни пари, но и инволвираност на син на пратеник на ДУИ во случајот. Контроверза предивикува и фактот што обвинителството што се откажа од гонење, е раководено од Ислам Абази, соселанец на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, за кого дури беа и објавени фотографии во јавноста од прослави со високи функцонери на партијата како и со со братот на Ахмети.