Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Прилози

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Македонија мора да оди напред со дигитализацијата, а еден од клучните чекори…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија мора да оди напред со дигитализацијата, а еден од клучните чекори е изградбата на национален центар за податоци. Тоа во пракса ќе значи помалку шалтери, помалку чекање, помалку хартија – повеќе брзи и достапни услуги.

Борис Арсов од Секторот за телекомуникации во АЕК за „Алфа“ објаснува колку со податочните центри ќе им се олесни животот на граѓаните, но и на институциите. Ќе добиваат побрзи услуги, побрзо добивање информации и посигурно чување на податоците.

Наместо секој човек да трча по институциите, од шалтер на шалтер, потребата за документација ќе се завршува на едно место. Според Арсов, ваков центар е неопходен за земјата.

Реклама

„Без разлика дали станува збор за реформска агенда или било што, Македонија треба да оди напред во делот на дигитализацијата. Во таа насока е и изградбата на еден таков национален дата-центар, кој би им служел на државните институции, на граѓаните и на сите кои имаат потреба да дојдат до брзи информации, брзо процесирање на информации и складирање на информации, брз интернет, брзо користење на видеозаписи. Таков национален дата-центар е навистина неопходен за Македонија“, вели Борис Арсов од АЕК.

Експертите оценуваат дека примерот од светот покажува колку е важна оваа дигитална инфраструктура. САД веќе имаат илјадници центри за податоци, каде што се обработуваат огромни количини информации.

„САД имаат над 4.000 дата-центри, и тоа од голем калибар, кои собираат многу голем број податоци и обработуваат голем број податоци“, изјави Арсов.

Идејата за новиот центар за податоци е да ги поврзе сите државни институции во еден национален облак и да обезбеди поголема сајбер-заштита. Ќе биде поврзан и со секундарниот дата-центар во Прилеп, со што, според надлежните, ќе се намали ризикот од хакерски напади и губење на податоци.

Овој предлог опозицијата остро го критикуваше, со образложение дека ваквите информативни центри ги ставаат во ризик водата, струјата и земјоделството во државата.

Владата и натаму останува на ставот дека Македонија треба да гради национален дата-центар. Премиерот Христијан Мицкоски неодамна кажа дека проектот ќе се финансира со европски грант и поволен заем и дека се преговара со пет-шест потенцијални инвеститори за нивната изградба.