Реклама

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Прилози

Уште не сме се справиле со западно-нилска треска, а сега нè демне можна опасност од епидемија на мали сипаници

Македонија ја демне опасност од нова епидемија – сега од мали сипаници.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија ја демне опасност од нова епидемија – сега од мали сипаници. Додека уште се бориме со заразата од западнонилска треска, надлежните предупредуваат дека е можно да се очекува опасните мали сипаници или морбилите да се рашират меѓу населението. Алармот е запален откако боројот на заразени од оваа болест рапидно расте во Бугарија и Косово. Во Бугарија регистрирани се околу 502, а во Косово 147 луѓе со мали сипаници.

„Имаме причини да веќе започнеме со алармирање и ќе се обидеме да наредните денови и недели низ повеќе активности да ги мотивираме граѓаните да ги вакцинираат децата од морбили – односно да се зголеми опфатот – за да превенираме можна епидемија на морбили во Македонија“ , изјави Сашо Клековски, министер за здравство

Најголемиот проблем е што родителите сè повеќе одбиваат да ги вакцинираат своите деца. Па така, според министерството за здравство, во Mакедонија нема доволно вакцинирани луѓе за да се постигне колективен имунитет – само нецели 2/3 од популацијата е заштитена, а потребна е покриеност од 95%. Надлежните апелираат на навремено спречување.

Реклама

„Сакам да упатам апел до сите граѓани на Македонија да поревносно пристапат кон вакцинација од морбили. Опфатот на вакцинација е релативно низок 62%, од Институтот за јавно здравје покажуваат. “

Инаку, малите сипаници се опасна болест која може да заврши и со смртни последици. Таа брзо и масовно се шири, а изложени на најголем ризик се децата под 5 години, луѓе со слаб имунитет, трудници, и секако невакцинирани луѓе.

Во однос на западнонилската треска пак, во моментот нема официлјано новозарезени. Има луѓе со симптоми, но нема потврда дека се заразиле од болеста. Тоа што е проблем за властите е што зоната на ризик за ширење на заразата се движи кон различни делови од Скопје.

„Од Скопје југ новите случаи се во Скопје север, североисток. Тоа го комуницираме со град скопје и со општините за преземање соодветни мерки во тој правец. Во однос на епидемиолошката состојба можам да кажам дека констатирана е трета птица повторно гавран и тоа во општина карпош кај драмски театар.“

Во моментов во државата има 55 зазрени, шест починати, а 19 се моментално хоспитализирани. Двајца од нив се на респиратор односно во критична состојба. Просечната возраст на пациентите е 66,8 години, повеќето се машки, а смртноста е 11,5%. Сепак статистиките покажуваат дека мерките што ги преземаат властите за спречување на заразата даваат позитивни резултати и трендот на случаите до крајот на август е во надолна линија.