Реклама

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Герасимовски глуми борец против бетонизацијата која самиот ја спроведува

Горан „бетон“ Герасимовски, за сите прашања одговор може да најде ако се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Горан „бетон“ Герасимовски, за сите прашања одговор може да најде ако се потсети што мислел во моментот кога за градбата која ја зборува, самиот дал дозвола. За одобренија кои тој ги издал, треба да се запраша себе си, што мислеше кога се потпишуваше и се расфрлаше со одобренија за градба?, се вели во реакцијата од ОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ на градоначалникот на Центар Горан Герасимовски, што ја пренесува Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Треба да се запраша Горан, зошто токму сега прави обиколки низ Центар, а до вчера удобно уживаше во градоначалничката фотелја под клима.

Треба да се запраша и како сè беше во ред додека издавал одобренија за градба, а сега не е.

Реклама

Одговорот е јасен. Бидејќи му гори под нозе. Знае дека ова е последен мандат на СДС во Центар, а тој оди во политичка пензија.

Кога работите нема да му се одвиваат според замислениот план, Горан „бетон“ Герасимовски глуми борец против бетонизацијата која ТОЈ лично ја спроведува.

На човекот со троцифрен број издадени одобренија за градба, сега опозицијата му е крива за тоа што ТОЈ, заедно со кадрите на Венко и Заев го спроведуваат цела деценија.

Деценија методи на притисоци кои смрдат на КОРУПЦИЈА. Деценија во која секоја неуспешна шема на СДС ја плаќаат центарци од сопствениот џеб во име на пенали. Нема да е прв пат, само што заврши исплаќањето кон “Пелагонија” вредно милиони.

Истите политики што сега ги спречуваме, во минатото ја чинеа Општина Центар 2,5 милиони евра отштета кон градежната компанија „Пелагонија“, обврска што општината ја исплаќаше со години.

Му препорачуваме на Горан да сврти малку поголем круг низ Центар, да си ги види стотиците згради кои тој лично ги одобрил. Или да продолжи да одмара под клима, бидејќи теренот очигледно не му оди од рака. Да си го доседи мандатот како што правеше и до сега, зошто граѓаните освен штета и расипништво, веќе ништо друго не очекуваат од него.