Реклама

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Скршени заби и сериозни повреди – брутално претепано 13 годишно дете во скопско Влае

Партиска математика што го релативизира поразот – се засилува притисокот врз раководството на СДСМ по Брвеница

Прилози

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Финансиска штета во вредност од 178 илјади евра.  Поранешниот генерален директор на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Финансиска штета во вредност од 178 илјади евра.  Поранешниот генерален директор на „Македонски пошти“ и екс функционер на СДСМ, Јани Макрадули, заработи кривична пријава од Финансиската полиција поради сомневања дека ја злоупотребил службената положба. Макрадули е осомничен дека како директор одбивал да исплати долг од 313 илјади евра на две фирми, а со тоа преку судска постапка, Македонски пошти, сега мора да го плати долгот со камата од дополнителни 10 милиони денари.

И покрај тоа што му биле доставени потребните документи за исплата, пријавениот не ја потпишал спогодбата за исплата на долгот, не ги потврдил фактурите и не ги потпишал налозите за плаќање. Со ваквото постапување овозможил против друштвото да бидат поведени судски постапки, по што со судски пресуди биле утврдени обврски за плаќање казнена камата, соопштуваат од Финансиската полиција.

Макрадули седна во директорската фотелја на националната пошта во ноември 2020 година. Неговиот мандат траеше две години и беше исполнет со сериозни финансиски проблеми и незадоволство кај вработените.

Реклама

За време на неговото раководење, вработените со месеци алармираа за лоши услови за работа, оштетена опрема, недостиг од основни средства за работа. Во неговиот мандат, Синдикатот на Македонска пошта стапи и во генерален штрајк поради неисплатени и задоцнети плати.

Тој стана директор во периодот кога пропадна „Еуростандард банка“, по што националната пошта го изгуби договорот за вршење на платниот промет.

Освен за Макрадули, финансиската полиција има поднесено кривични пријави и за уште двајца други генерални директори на Пошта. Тие се осомничени за несовесно работење бидејќи во 2023 година дозволиле набавки без тендер во вредност од 56 илјади евра, иако законскиот лимит за нив бил 24.000 евра. Со надминувањето на дозволениот праг, двајцата екс-директори направиле директна штета во буџетот на претпријатието.