Реклама

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Македонија

Лефков: СДСM и Филипче беа декласирани на изборите во општина Брвеница со 4 спрема 1

Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието, вечерва…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието, вечерва гостуваше на Алфа телевизија, при што дискутираше за резултатите од првиот круг на предвремените локални избори за градоначалник на општина Брвеница, на коишто ВМРО-ДПМНЕ и кандидатот за градоначалник Радичевски освоија огромно мнозинство на гласови и разлика која споредбено со СДСM е во однос поголем од 4 спрема 1, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Лефков го коментираше и, како што вели тој, трагикомичниот начин, на којшто СДСM го претстави уште еден од низата на нивните изборни дебакли, овој пат во општина Брвеница.

„Очекувано нешто од СДСM, иако трагикомично соопштение испратија на јавноста во коешто, практично, нивниот резултат, односно тоа што завршија на четвртото место, наоѓаат најразлични весели математики да го препознаат или да го покажат како раст. Се обидуваат да ја манипулираат јавноста“, рече Лефков и додаде:

Реклама

„Не знам за кого е наменето, дали за тесното негово партиско опкружување, дали за лојалистите коишто се опкружени околу Венко, за сите други останати, за целата македонска јавност навистина е смешно да излегувате на избори, да барате поддршка од народот, да завршите четврти на избори, да бидете декласирани со 4 спрема 1 и притоа да не ја примите пораката и да немате ниту едно приземно соопштение во коешто барем ќе признаете дека не сте го нашле вистинскиот начин како да комуницирате со граѓаните и сето тоа да го прикажувате како победа“.

Лефков потенцираше дека ваквата реторика на Филипче е позната во јавноста уште од времето кога тој бил министер за здравство и советник на Заев, од времето на набавките на вакцините, а сега само ја продолжува истата таа реторика ширејќи хистерии и тези во јавноста, кои многупати до сега се покажале како невистинити.

„Меѓутоа ако погледнете и се навратите наназад ќе видите дека оваа реторика и ваквиот начин на водење на СДСM од страна на Венко Филипче и неколку лојалисти кои се опкружени околу него, па и не се разликува многу од она што се научивме и се навикнавме да го гледаме од Венко од времето кога беше министер и советник на Заев, никаква разлика од тоа како ги набавуваше вакцините, каква реторика имаше во тоа време, каква реторика има како претседател на СДС и сите негови тези коишто до сега се покажаа како невистини, и обиди за ширење на хистерија. Практично секое соопштение по соопштение му паѓаше во вода и беше или исмејувано или дочекувано со бројни аргументи против него и еве за жал продолжува во иста насока“, констатираше Лефков.