Реклама

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Македонија

Од утре почнува вакцинацијата против сезонски грип, за Кочанскиот регион обезбедени 2.500 дози

Вакцинацијата против сезонски грип започнува утре (21 октомври), а за потребите на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вакцинацијата против сезонски грип започнува утре (21 октомври), а за потребите на Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) Кочани се обезбедени 2.500 дози вакцини. Вакцинацијата ќе се спроведува во пунктовите во Кочани, Виница, Берово и Делчево.

Како што информира специјалистот д-р Мартин Павлов, раководител на ЦЈЗ Кочани, граѓаните кои се пријавиле за вакцинација и добиле термин преку системот „Мој Термин“ ќе можат да се вакцинираат согласно добиените известувања.

Бесплатната вакцинација е наменета за ризичните групи, меѓу кои се лицата на возраст над 65 години, лицата со хронични заболувања, здравствените работници, бремените жени, децата на возраст од шест месеци до пет години, како и лицата сместени и вработените во установите за социјална заштита на стари лица.