Реклама

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Скршени заби и сериозни повреди – брутално претепано 13 годишно дете во скопско Влае

Партиска математика што го релативизира поразот – се засилува притисокот врз раководството на СДСМ по Брвеница

Мицкоски: Цените на храната и пијалаците во Македонија се меѓу најниските во регионот

Прилози

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Инфраструктурни инвестиции тешки 11 ипол милиони евра за Општина Карпош. Владата најавува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Инфраструктурни инвестиции тешки 11 ипол милиони евра за Општина Карпош. Владата најавува нов инвестициски циклус во една од најурбаните општини во Скопје, а дури 5,5 милиони евра доаѓаат директно од министерството за транспорт. Најголем акцент ќе биде ставен на подобрување на инфраструктурата, уредување на јавните простори и решавање на долгогодишните проблеми со паркингот.

„Ќе помогнеме во реализација на плоштади, во реализација на улици, атмосферска канализација, фекална канализација и уредување на просторот таму каде што е најпотребно во општината. Исто така, како што кажа градоначалникот, зборувавме за решение на свлечиштата особено во делот кој што гравитира кон населбите Козле, понатаму Трнодол, Жданец, да се санира целиот тој простор ” изјави вицепремиерот Александар Николоски.

Приоритет останува решавањето на недостигот од паркинг места во скопски Карпош. Очекувањата се дека во следните две до три години граѓаните ќе имаат обезбедено доволно места за паркирање и ќе можат без проблем да ги паркираат своите возила.

Реклама

„Тука работиме заедно со Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор, на изнаоѓање на едно интегрирано решение кое што треба да значи решение на проблемот со паркинг преку изведба на катни гаражи кои што ќе бидат достапни за граѓаните, исто така подземно паркирање, подземни катни гаражи кои што ќе значат од една страна зеленило, паркови, а од друга страна решавање на проблемот со паркирање.“– изјави Николоски.

Дел од проектите веќе се во завршна фаза, додека за останатите се изработува проектна документација. Реализацијата ќе се одвива во соработка меѓу Владата, Општина Карпош и Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор. Целта е и полесно секојдневие за жителите на Карпош.