Реклама

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Скршени заби и сериозни повреди – брутално претепано 13 годишно дете во скопско Влае

Партиска математика што го релативизира поразот – се засилува притисокот врз раководството на СДСМ по Брвеница

Мицкоски: Цените на храната и пијалаците во Македонија се меѓу најниските во регионот

Свет

Во Франција помина првата ноќ со рестрикции и забрани за движење и собирање

Во делови на Париз и неколку други градови во Франција синоќа беше…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во делови на Париз и неколку други градови во Франција синоќа беше во сила полициски час, како мерка за смирување на хаосот и тензиите по неколкудневните насилни немири, грабежи и судири со полицијата. Безбедносната криза доби и политички размери, откако министерот за внатрешни работи, Лоран Нуњез, понудил оставка, признавајќи дека полицијата во одредени градови ја изгубила контролата врз ситуацијата. Претседателот Емануел Макрон, сепак, одбил да ја прифати. Јавните собири во делови од Париз се ограничени, а до шест часот утринава полицискиот час беше во сила на Плоштадот на Републиката и во трговската област Ле Ал. Станува збор за локации на кои за време на викендот биле регистрирани насилство и грабежи. Властите наведуваат дека мерките имаат цел да спречат нови напади врз продавници и јавни објекти.

Ограничувања се воведени и во други француски градови. Во Лил и неколку градови на северот на земјата синоќа и денеска е во сила полициски час за малолетници под 18 години, од 20 до 6 часот. Во Ница полицискиот час за малолетници започнува во 21 часот, додека во Марсеј се забранети јавните собири и демонстрациите на територијата на целиот град од пладне до 20 часот. Францускиот премиер Себастијан Лекорни побарал од локалните власти да воведуваат ограничувања само во подрачјата погодени од насилство.