Реклама

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Скршени заби и сериозни повреди – брутално претепано 13 годишно дете во скопско Влае

Партиска математика што го релативизира поразот – се засилува притисокот врз раководството на СДСМ по Брвеница

Мицкоски: Цените на храната и пијалаците во Македонија се меѓу најниските во регионот

Македонија

НУ Библиотека „Кочо Рацин“ во Тетово станува универзитетска библиотека

– На предлог на Министерството за култура и туризам, Владата  на денешната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– На предлог на Министерството за култура и туризам, Владата  на денешната седница ја усвои одлуката за проширување на дејноста на Националната установа Библиотека „Кочо Рацин“ – Тетово и нејзина трансформација во Универзитетска библиотека „Кочо Рацин“ – Тетово.

-Одлуката претставува значаен чекор за Тетово како универзитетски центар и важен придонес кон унапредувањето на високото образование, науката и библиотечните услуги. Како национална установа од областа на културата, Библиотеката „Кочо Рацин“ – Тетово има важна улога во задоволувањето на културните, информативните и едукативните потреби на граѓаните на Тетово и Полошкиот Регион. Со проширувањето на дејноста, библиотеката ќе обезбеди поширок пристап до своите фондови и услуги за студентите, професорите и истражувачите, информира Министерството за култура и туризам. 

Министерството во соопштението додава дека ќе продолжи да работи на унапредување на институционалните капацитети и развојот на библиотечната дејност, „препознавајќи ја важноста на библиотеките како центри на знаење, образование, истражување и културен развој“.