Реклама

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Скршени заби и сериозни повреди – брутално претепано 13 годишно дете во скопско Влае

Партиска математика што го релативизира поразот – се засилува притисокот врз раководството на СДСМ по Брвеница

Мицкоски: Цените на храната и пијалаците во Македонија се меѓу најниските во регионот

Прилози

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Констатирани прекрошци во медицинските извештаи на бегалецот од правдата Ива Михаилова. Ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Констатирани прекрошци во медицинските извештаи на бегалецот од правдата Ива Михаилова. Ќе се проверува целиот тек на нејзино лекување. Министерот за здравство Сашо Клековски побарал да се прошири истрагата за да се опфатат сите медицински извештаи и здравствени услуги кои и биле пружени на Михаилова, за што ќе биде формирана посебна комисија за стручен надзор. Министерот обелодени дека се испитува и една приватна клиника, откако претходно веќе било утврдено дека на државната Клиника за неврологија не биле целосно почитувани здравствената патека и пропишаните процедури.

-Не е следена целата патека и здравствените постапки кои И.М. ги имала во здравствените установи во Македонија. И дополнително побарав надзорот да се прошири на една дополнителна приватна установа, каде што е третирана во меѓупериодот, имаме коплетна препорака. Веќе во оваа фаза има констатирани прекршоци и веќе во оваа фаза е побаран стручен надзор за медицинскиот дел од извештајот, изјави Клековски.

Случајот „Ива Михаилова“ не бил тема на разговор при посетата на Клековски на Софија. Министерот вели станува збор за прашања поврзано со правдата, а не со здравството.

Реклама

-Во основа постигнавме премолчена согласност дека прашањето на И.М. не е здравствено прашање, туку е прашање од доменот на правдата, бидејќи особата е бегалец од правдата, барана со меѓународна потерница. Како што е тоа прашање на правдата, а не здравствено прашање не го разговаравме, изјави Клековски.

Бугарските политичари овој случај го користат за навреди кон Македонија. Последен во низата беше министерот за внатрешни работи на Бугарија Иван Демерџиев, кој рече дека Михаилова нема да ја предадат на „српските власти“.  На прашањето дали станува збор за случајна грешка или намерно споменување на Србија, одговара дека погрешил, но дека тоа не било како што вели „толку голема грешка“. Премиерот Мицкоски не сака да го коментира случајот велејќи дека во Бугарија се користи како фолклор пре престојните претседателски избори.

-Имам што да одговорам, но мислам дека поединци не заслужуваат да бидат во центарот на вниманието и мислам дека ваков тип на естрада, која што денеска ја гледаме таму, а која што е поврзана фоклорот за нивните претседателски избори не заслужува коментар и мислам дека треба да ги игнорирате и вие како медиуми ваквите изјави на поединци, изјави Мицкоски.

Михаилова избега од дражвава откако стана јасно дека нејзината состојба не е здравствен случај. Тоа веројатно ќе беше констатирано и од бугарскиот конзилиум кој доби зелено светло да дојде во Македонија. Михаилова е обвинета во Македонија за учество во сообраќајна несреќа во која животот го загуби 33-годишниот Бесим Дурмиши.

Матеја Петровски