Реклама

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Скршени заби и сериозни повреди – брутално претепано 13 годишно дете во скопско Влае

Партиска математика што го релативизира поразот – се засилува притисокот врз раководството на СДСМ по Брвеница

Мицкоски: Цените на храната и пијалаците во Македонија се меѓу најниските во регионот

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Прилози

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Помалку бесни кучиња по скопските улици и намален број на пријави за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Помалку бесни кучиња по скопските улици и намален број на пријави за каснувања од кучиња скитници. Надлежните се справуваат со глутниците во Скопје, а резултатите се видливи на дел од најфреквентните локации во градот. Во Градскиот парк состојбата е стабилизирана, а на плоштадот во центарот на градот е намален бројот на скитниците. Од „Лајка“ велат дека околу 35 проценти од кучињата успеваат да ги вдомат, со што полека се решава деценискиот проблем.

„Оваа година, во однос на периодот од април до денес, околу 60% повеќе кучиња имаме третирано и постапуваме во рок од 24 часа максимум по добивање на пријава за заловување на кучињата што каснале некого. Соработуваме со активисти и граѓани за да ги згрижат семејства. Ниту едно куче кога ќе биде вдомено не предизвикало проблем во семејството во кое било згрижено. Што значи дека на уличните животни, кога ќе им дадеме љубов, дом и семејство, си влегуваат во некоја норма“, изјави Војислав Димитровски директорот на „Лајка“,

Активностите на терен се насочени кон локациите каде што кучињата се собираат во поголеми групи. Со заловување, стерилизација и вдомување, целта е да се разбијат глутниците.

Реклама

„Има и други локации во рамки на градот каде што има поголеми групи и активно работиме на нив, но морам да кажам дека и граѓаните, како што придонесуваат за благосостојбата на животните, односно да ги нахранат и да се погрижат за нив, некогаш може и ненамерно, со претерано хранење и со собирање, да продуцираат ваков тип на состојби каде што се собираат кучиња. Треба да бидеме одговорни, да им помогнеме, но не по секоја цена да ги собираме“, изјави Војислав Димитровски директорот на „Лајка“.

Околу 180 кучиња моментално се подготвени за вдомување, а интересот од граѓаните постои. Од „Лајка“ порачуваат дека работата на терен продолжува, а за трајни резултати неопходна е соработка, одговорно однесување и хуман однос кон животните.

Причината за појавата на глутниците е тоа што масовно и организирано, со комбиња, се носат кучиња од други градови и се истовараат во општините во Скопје. Во текот на септември „Лајка“ заловила 172 бездомни кучиња во главниот град, од кои 124 се стерилизирани, 44 се вдомени, а 105 се вратени на локацијата каде што биле заловени.