Реклама

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Скршени заби и сериозни повреди – брутално претепано 13 годишно дете во скопско Влае

Партиска математика што го релативизира поразот – се засилува притисокот врз раководството на СДСМ по Брвеница

Мицкоски: Цените на храната и пијалаците во Македонија се меѓу најниските во регионот

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Македонија

Хуманитарна забава организира општина Карпош, генерации од „Иван Горан Ковачиќ“ собираат средства за обнова на одбојкарското игралиште во „Петар Поп Арсов“

Општина Карпош задутре организира хуманитарен одбојкарски спектакл – ревијален натпревар „Искуство vs.Младост“…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Карпош задутре организира хуманитарен одбојкарски спектакл – ревијален натпревар „Искуство vs.Младост“ меѓу професорките и ученичките, навивачите, врвните македонски музичари и поддржувачите. Со средствата кои ќе се соберат, како што посочуваат од општината, ќе се обнови одбојкарското игралиште во ООУ „Петар Поп Арсов“.

На иницијатива на градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски како и на поранешните ученици од ОУ „Иван Горан Ковачиќ“, Даниела Штерјова, Даница Леонидова, Игор Атанасоски (Гуру Харе), Петар Ренџов (Пепи) и Арсо Јаневски (Раста) оваа среда (21 октомври), токму на Патрониот празник на ООУ „Петар Поп Арсов“, се организира голем хуманитарен настан. Натпреварот, кој ќе се одигра во спортската сала на ООУ „Петар Поп Арсов“, ќе го означи почетокот на акцијата и ќе ја демонстрира силната кохезија меѓу сегашните и минатите генерации. По спортскиот дел, ќе се одржи хуманитарна забава во холот на училиштето со почеток во 19 часот на која ќе настапи состав од докажани македонски уметници, сите ученици од „Иван Горан Ковачиќ“, кои со цело срце ја поддржаа оваа иницијатива: Мартина Христовска – вокал, Игор Атанасоски (Гуру Харе) – гитара, Петар Ренџов (Пепи) – гитара, Павел Ренџов (Павка) – тапани, Сенад Усеин (Сенко) – труба, Трајко Симоновски (Таци) – бас гитара и Арсо Јаневски (Раста) – перкусии, информираат од општината.

Настанот носи силна емотивна порака – дека годините минуваат и генерациите се менуваат, но пријателствата, спомените и грижата за училишните денови остануваат засекогаш. Преку оваа акција, токму на денот на училиштето, организаторите сакаат да им овозможат на денешните и идните ученици подобри услови за спорт, дружење и создавање нови успешни приказни. Собраните средства од акцијата ќе бидат целосно наменети за реконструкција на подлогата, мрежата и опремување на надворешниот терен, со што училишниот двор повторно ќе стане главно место за спортски успеси и маалски дружења. Градоначалникот Лукровски и организацискиот одбор упатуваат отворена покана до сите граѓани, медиуми, поранешни и сегашни ученици, заеднички да го прослават патронатот и да ја покажат својата солидарност на дело, додаваат од општината.