Реклама

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Купување онлајн со плаќање на врата – граѓаните повеќе преферираат кеш отколку интернет трансакција

Опустошени улици, запалени објекти и автомобили – хаос во Франција по тензичната и насилна ноќ

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Прилози

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Онлајн туризмот го менува пазарот, Охрид се нуди на стотици меѓународни платформи.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Онлајн туризмот го менува пазарот, Охрид се нуди на стотици меѓународни платформи. Соочени со невидливата, но нелојална конкуренција која им го јаде лебот, туристичките агенциите алармираат дека резервациите со еден клик се крајно ризични. Тие бараат поголема контрола, бидејќи туристите сè почесто сами ги резервираат летовите и бараат сместувањето преку интернет. И додека дигиталните платформи го менуваат начинот на кој се патува, засегнатите го отвораат прашања за контролата на туристичкиот промет.

 “Сам човек прави од дома секакви аранжмани, односно работи како агенција, се сам прави. Тука се исто така онлајн платформите за резервација на авио билети, за резервација на хотели, сето тоа е еден неконтролиран туристички промет кој што излегува во нашата држава. Сепак кога туристите патуваат и кога се патува преку агенција, вие имате контрола на пазарот. Сега се нема контрола.” -вели Јаким Маленко, сопственик на туристичка агенција

Првичните анализи покажуваат дека онлајн платформите кои што се почест начин за избор и резервации,го продаваат Охрид на околу 180 платформи.

Реклама

 “Тоа се т.н.  независни туристи и самите сме сведоци дека ние се помалку се потпираме на оние класични агенции, но и онлајн туристички агенции се многу значајни и дел кога ќе го видете производот.Постојат разни комбинации,може дел да купите дел од производот, дел самите да го реализирате, може целосно да го купите или целосно самостојно да го направиме. Ги анализираме сите тие опции и ќе дадеме некои препораки.” -вели проф.д-р Сашо Коруноски од ФТУ

Но проблемот не е само конкуренцијата,  од туристичката фела предупредуваат и на случаи во кои граѓаните резервираат аранжмани преку интернет, а потоа се соочуваат со непријатни изненадувања.

 “Никој не чита до крај, секој ќе купи карта авионска или ќе купи некој аранжман, или хотел или приватно сместување, меѓутоа не ги читаат сите клаузули, услови кои што ги нудат, кои што се во правило  према договорот и потоа доаѓa до непријатни ситуации.Значи има случаи да остануваат на аеродроми, има случаи да не може да го најде воопшто смештајот”-вели Маленко

Оналјн платформите ги користат и домашните даватели на туристички услуги. Во шпицот на сезоната, кога побарувачката е најголема, ги затвораат онлајн резервациите за да избегнат плаќање провизии на платформите, уверени дека и без нив ќе ги наполнат капацитетите. Па така ова лето ги преплавија социјалните мрежи туристите што не можеле да најдат сместување во Охрид.Како алтернатива добивале понуди во Струга, па дури и во Ресен — 36 километри од километри подалеку од градот во кој сакале да летуваат.