Реклама

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Купување онлајн со плаќање на врата – граѓаните повеќе преферираат кеш отколку интернет трансакција

Опустошени улици, запалени објекти и автомобили – хаос во Франција по тензичната и насилна ноќ

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Балкан

Шести ден протести во Тирана – Рама под притисок за оставка и од сопартијците

Албанскиот премиер Еди Рама е под силен притисок да поднесе оставка по…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Албанскиот премиер Еди Рама е под силен притисок да поднесе оставка по протестите на студентите и незадоволните граѓани, кои и денеска се на улиците низ Тирана. Досега во судирите се повредени повеќе од 270 луѓе, меѓу кои полицајци, демонстранти, граѓани, па дури и деца.

Рама се соочува со сериозен притисок и во сопствените редови. Тоа најконкретно го отслика неговата сопартијка Елиса Спиропали, која објави остро отворено писмо директно упатено до премиерот, барајќи политички одговор на протестите во Тирана, а не само репресија.

Спиропали го повикува Рама да се стави во позиција на демонстрант – млад човек кој стои меѓу толпата, ги слуша повиците и ги чувствува стравот и гневот што не се појавиле денеска. Според неа, сè започнало со оградите што ги одвоиле граѓаните од јавниот простор и институциите, а кои брзо прераснале во симбол на власт што дели и поставува бариери.

Реклама

„Албанија над сè, а не партијата над сè. Ниту власта над сè“, порачува Спиропали, повикувајќи го Рама да донесе одлука со која ќе ја врати довербата.

Рама засега ја отфрла можноста за оставка и обвинува дека странски сили се мешале во протестите, кои, според него, не се резултат само на внатрешното незадоволство, туку во нив биле вклучени и надворешни влијанија и групи со екстремистички идеологии.

Во тој контекст ги спомена Русија, Иран, движењето Антифа, верски екстремисти и албански политички актери, опишувајќи ги како „конгломерат што го поттикнувал и релативизирал насилството“.